Виз Ер времено прекинува два лета од Скопје

December 27, 2023
1 min read

Авиокомпанијата „Виз Ер“ од средината на јануари до средината на март ќе го намали капацитетот на својата мрежа и тоа ќе резултира со времен прекин на два лета од Скопје. 

Како што информира порталот Еxyuavation прекинот на летовите е поради глобалниот проблем со моторите произведени од „Прет и Витни“. Ова ќе резултира со привремен прекин на три линии во текот на двомесечниот период, вклучувајќи ги Скопје – Луксембург, Скопје – Болоња и Дортмунд – Ниш.

Добавувачот на воздухопловната и матична компанија на „Прет и Витни“, „Ер-Ти-Икс“ врши контрола на квалитетот на моторите инсталирани во стотици авиони ширум светот, кои треба да се отстранат и испитаат.

-Компанијата продолжува да презема активности за да го ублажи секое финансиско и оперативно влијание и ќе бара финансиска компензација од „Прет и Витни“, соопштија од „Виз Ер“.

„Визер“ планира привремено да премести два од шесте скопски авиони од средината на јануари до средината на март. Ова ќе резултира со привремен прекин на авиолиниите. Дополнително, над триесет неделни летови се отстранети од скопска мрежа. Услугите за Базел и Меминген ќе ги имаат најголемите намалувања на фреквенцијата. Во Белград, буџетската авиокомпанија планира да ја одржи целата своја мрежа, но ќе отстрани над петнаесет неделни летови, при што еден од четирите авиони ќе биде преместен на два месеци.

Авиолинијата Скопје-Луксембург беше воведена на 1 ноември 2023 година.

 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Градинки, училишта, локални патишта, се дел од проектите во општините со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Израелската војска соопшти дека уште 3 војници загинале во борбите во северниот дел на Газа

Latest from Blog

Лапе: Доказите укажуваат на прв сериски убиец во Македонија

Основното јавно обвинителство во Куманово денес објави дека со проширувањето на истрагата 25-годишнио маж од село Малотино за дури четири убиства и два обиди за убиства. Обвинителот Љубомир Лапе изјави дека истрагата

Челзи ќе го промовира Чаби Алонсо уште викендов?!

ФОТО: Real Madrid FC/FB И дефинитивно Челзи и Чаби Алонсо се поблиску до договор. Еден од порелевантните англиски весници – „Гардијан“, објави дека играчите на Челзи се возбудени околу идејата да соработуваат

Меџити: Без жените нема силно општество и успешна политика

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, вечерва заедно со сопругата, пратенички и претставнички на Форумот на жени во ВЛЕН, учествуваше на конференцијата „Жената и семејството“, организирана во рамки
Go toTop