Пентагон: Соборени повеќе беспилотни летала и проектили кои хутите ги истрелаа врз бродови во Црвеното Море

December 27, 2023
1 min read

Претходно, бунтовниците хути ја презедоа одговорноста за ракетниот напад врз брод во Црвеното Море и нападот со беспилотно летало кон Израел во знак на солидарност со Газа

Американските воени сили соборија повеќе беспилотни летала и неколку проектили истрелани од јеменските бунтовници хути врз бродови во Црвеното Море, соопшти Пентагон.

„Нема оштетувања на бродови во областа или повредени“,

соопшти Централната команда на Пентагон во објавата на социјалните мрежи.

Тие информираа за уништени 12 беспилотни летала, три ракети за уништување бродови и две ракети за копнени напади во период од 10 часа.

Претходно, бунтовниците хути ја презедоа одговорноста за ракетниот напад врз брод во Црвеното Море и нападот со беспилотно летало кон Израел во знак на солидарност со Газа.

Портпаролот на јеменската армија хути Јахја Сареа, рече дека групата извршила ракетен напад врз трговскиот брод МСЦ Јунајтед во Црвеното Море, откако тој одбил три предупредувачки повици.

Портпаролот, исто така, рече дека групата извршила напади со беспилотни летала врз јужниот израелски град Еилат и „други области во окупирана Палестина“.

Иранските хути, кои контролираат голем дел од Јемен, со недели ја попречуваат светската трговија со напаѓање бродови што минуваат низ теснецот Баб ал-Мандаб во јужниот дел на Црвеното Море, што, како што велат, е одговор на војната во Газа.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Скопје се одржа панел-дискусија на тема „Историјата на науката во исламот: проф. д-р Фуат Сезгин“

Следно

Градинки, училишта, локални патишта, се дел од проектите во општините со градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

НОВА ЗАКАНА – Захарова: „Ова се нашите воени цели во Европа“

Фабриките во Европа што произведуваат оружје за Украина се потенцијални воени цели за Русија, изјави во среда портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Захарова на прес-конференцијата изјави дека европските

Сестрата на Роналдо: Португалскиот народ не заслужува да го има најдоброто!

Откако Кристијано Роналдо го напушти кампот на португалската репрезентација и се огласи за да го потврди своето заминување, масло на оганот додаде неговата сестра Елма Авеиро со жестока објава. „По прес-конференцијата на

Дефинитивно пукна тиквата во Португалија, лутиот Роналдо го напушти тимот!

Легендарниот напаѓач Кристијано Роналдо предвреме ја напушти репрезентацијата на Португалија. Ова се случи после прес-конференцијата на селекторот Жорже Жесус кој објави дека Роналдо ќе започне на клупата и на утрешниот натпревар на Португалија
Go toTop