И ЗДРАВЈЕ И РАБОТА: Македонија не смее да остане надвор од европските и светските процеси за развој на современо и одговорно рударство

November 15, 2026
1 min read

Активирањето на домашните минерални потенцијали е можност за нови инвестиции, работни места, развој на домашните компании и технолошка модернизација на македонското рударство

Светот влегува во нова фаза на развој на рударскиот сектор. Растечката потреба од бакар и други критични минерали, забрзаната енергетска транзиција и стремежот на Европската Унија да ја намали зависноста од ограничен број надворешни добавувачи, особено од Кина, ги ставаат минералните ресурси во центарот на економските и стратешките политики.

Во овие процеси Македонија не смее да стои отстрана. Напротив, треба навреме да ги препознае можностите што ги носи новата глобална економска реалност и да ги стави во функција сопствените минерални потенцијали, со јасна визија за развој на современо, конкурентно и одговорно рударство.

Ова не треба да го правиме само затоа што Европа има потреба од сигурни извори на критични суровини. Пред сè, тоа е можност за развој на домашната економија. Новите рударски инвестиции можат да отворат илјадници директни и индиректни работни места, да создадат долгорочни деловни можности за домашните компании, да поттикнат развој на локалните заедници и да привлечат нови знаења и современи технологии во македонското рударство.

Развојот на нови рударски проекти може да има позитивен ефект врз целата економија – од градежништвото, транспортот и логистиката, до инженерските услуги, одржувањето, производството и други придружни дејности. Тоа значи можност домашните компании да станат дел од пошироките европски синџири на снабдување, а македонските работници и експерти да стекнуваат нови вештини и искуства.

Истовремено, развојот на рударството мора да се темели на највисоки еколошки стандарди и доследна примена на современи технологии. Денес на располагање се технолошки решенија за поефикасно користење на ресурсите, намалување на емисиите и потрошувачката на вода, контрола на влијанијата врз воздухот и почвата, како и соодветно управување со отпадот и рекултивација на просторот. Нивната примена, заедно со континуираниот мониторинг и строгата контрола на исполнувањето на еколошките обврски, е неопходен услов за одговорно рударство.

Нашата порака е дека Македонија има можност да биде дел од овие процеси, наместо повторно да ги пропушти развојните шанси. 

Иницијативата „И Здравје и Работа“ смета дека е време Македонија активно да се вклучи во европските и светските процеси за обезбедување критични минерали и развој на современо рударство. Тоа не е избор меѓу економскиот развој и здравата животна средина. Тоа е обврска да се најде одговорен модел во кој и двете цели ќе бидат подеднакво важни – преку знаење, технологија, контрола и почитување на највисоките стандарди.

Македонија не треба да биде само набљудувач на новите економски и технолошки промени. Треба да ги искористи своите потенцијали за да создаде нови работни места, посилна домашна економија и современо рударство, кое ќе ги почитува луѓето и животната средина.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје во центарот на регионалната енергетска соработка – прв форум посветен на зелената транзиција и жените во енергетиката

Latest from Blog

Скопје во центарот на регионалната енергетска соработка – прв форум посветен на зелената транзиција и жените во енергетиката

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалниот дијалог за иднината на енергетиката. Во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина од европскиот просек: Еве колку плаќаат граѓаните во ЕУ

Македонија има една од најниските цени на електричната енергија за домаќинствата во Европа, покажуваат најновите податоци за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, електричната енергија во Македонија е

Николоски: До крајот на мај автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно пуштен во употреба

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер

„Булмак 2016“ со нова мерка за работниците: Дополнителни 5.000 денари за редовност на работа

Компанијата „Булмак 2016“, која успешно стопанисува со рудниците Злетово и Тораница, продолжува континуирано да ги унапредува условите за работа на своите вработени. Како еден од најзначајните економски двигатели во источниот дел на

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен
Go toTop