Без уставни измени нема почеток на преговори – дали ќе има други услови од други земји, никој не знае!

December 24, 2023
1 min read

реклама


Ја поддржуваме Северна Македонија во нејзиното барање и определба да биде полноправна членка на Европската Унија, уверува шпанскиот амбасадор Хозе Луис Лозано Гарсија во неделното интервју за РСЕ.

Сепак, тој не ја исклучува можноста во процесот на преговори може да се отворат и други барања од други земји членки, дури и доколку бидат усвоени уставните измени, од кои зависи одржувањето на Втората меѓувладина конференција.

реклама

„Не сакам да пратам песимистичка порака, напротив. Она што ние го кажуваме, но и другите ЕУ инстанци, од земјите членки е дека кога сте во процесот, за да се свика Втората меѓувладина конференција, треба да го исполните тој услов, односно да се усвојат уставните измени и тогаш работите ќе добијат друга насока. Можеби ќе има други услови и барања од други земји, но на крајот работите ќе добијат друга димензија и важност. Што ќе значи ова? Дали ова ќе биде последна пречка? Можеби ќе има многу други пречки“, вели Хозе Луис Лозано Гарсија.

На слична линија е и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој вели дека може да се појави некоја друга земја со некаков банален услов, но додава во случајот со Бугарија, историјата никогаш нема да биде услов во преговорите и отворањето на кластерите.

реклама

„Вардар е нечист, Македонија не е спремна и ќе не блокираат. Идејата е дали имаат право да не блокираат за тоа. Дали е точка во агендата на ЕУ. Историјата нема да биде точка во ниту едно поглавје како агенда“, порача Бујар Османи.

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел пред неколку дена изјави дека уставните измени не се единствениот услов за Македонија, туку и Договорот за добрососедство и двата Протокола. Како што вели таа, има три заемно сврзани инструменти, кои се дел од таканаречниот компромис од јули 2022 година.

реклама

Но, Османи дека тоа не е точни и порачува прашајте ја Габриел како тоа нивното барање на Самитот на ЕУ на 15 декември во Брисел да стојат протоколите во заклучокот на Европската Унија за Северна Македонија некако преку ноќ исчезнаа и ги немаше во финалната верзија. 

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Египет предложи договор за ставање крај на војната во Газа

Следно

Неколку илјади луѓе на собирот за поддршка на Газа во Анкара: „Израел е убиец“

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop