Египет предложи договор за ставање крај на војната во Газа

December 24, 2023
1 min read

Иницијативата, која предвидува три одделни фази, била претставена на разговорите одржани претходно оваа недела во Каиро, меѓу египетските власти и тимот на Хамас

ФОТО: EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Египет подготвил предлог за прекин на борбите меѓу Израел и Хамас и ослободување на уште заложници кои ги држи палестинската исламистичка група, јави ДПА, цитирајќи регионална телевизиска мрежа.

Иницијативата, која предвидува три одделни фази, била претставена на разговорите одржани претходно оваа недела во Каиро, меѓу египетските власти и тимот на Хамас, јавува саудискиот канал Ашарк Њуз, кој се повикува на извори запознаени со разговорите.

Првата фаза, наводно, вклучува прекин на огнот од најмалку две недели за време на кој Хамас ќе ослободи 40 израелски заложници – жени и деца, како и постари лица кои се болни. За возврат, Израел да ослободи 120 Палестинци од своите затвори. Оваа фаза предвидува и прекин на непријателствата за наведениот период и обезбеден пристап до хуманитарна помош до Појасот Газа.

Во втората фаза се предлага палестински преговори, со посредство на Египет, за ставање крај на внатрепалестинската „поделба“ и воспоставување на палестинска технократска влада која ќе владее со Газа и на Западниот Брег.

Третата и последна фаза, според написот, повикува на целосен прекин на огнот и „сеопфатен“ договор за ослободување на целиот израелски воен персонал што го држи Хамас и другите палестински фракции во замена за палестинските затвореници во Израел. Оваа фаза, исто така, вклучува повлекување на Израел од Појасот Газа, истовремено дозволувајќи им на раселените жители на Газа да се вратат во своите поранешни домови во енклавата.

За предлогот ќе расправа политичкото биро на „Хамас“ во Катар, пренесува телевизијата. Засега нема коментар ниту од Египет, ниту од Хамас, која е прогласена за терористичка група во Израел, ЕУ и САД.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Швајцарија ќе го легализира кокаинот

Следно

Без уставни измени нема почеток на преговори – дали ќе има други услови од други земји, никој не знае!

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop