Традиционално сечење бадникови гранчиња на падините на Водно 

December 24, 2023
1 min read

реклама


Одборот за прослава на Бадник 2024 денеска напладне на месноста Говрлевска Краста на падините на Водно ќе го организира традиционалното сечење бадникови гранчиња кои на Бадник (6 јануари) ќе им се делат бесплатно на граѓаните пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“  во Скопје. 

Кум на годинашното одбележување е Божидар Јанковски, сопственик на „Дајнерс“, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2024, а Здравичар годинава е актерот Атанас Тановски, кој на платото пред Соборниот храм на 6 јануари  ќе ја каже здравицата во пресрет на најголемиот христијански празник Божик.

реклама

Сечењето на гранчињата ќе почне напладне со пречек на Кумот и Здравичарот и на официјалните гости, кои ќе заиграат македонско оро на музика на оркестар од трубачи. 

-Потоа следува церемонија на засадување млади бадникови стебла, што е задача на новиот Кум и Здравичар, и на крајот од церемонијата Кумот и Здравичарот го кршат лебот на софрата на која ќе продолжи дружбата со риба и чашка пијалак, придружено со звуците на трубите и тапанот, соопшти Одборот за традиционална прослава на Бадник. 

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Времето денес ќе биде сончево со температура до 17 степени

Следно

Турскиот министер за одбрана: Од 1 јануари досега неутрализирани се 2.150 терористи

Latest from Blog

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна

Уште една селекторска смена, Сенегал ќе има нов кормилар

Откако не ги исполни резултатските очекувања на овој Мундијал, репрезентацијата на Сенегал природно преживува промени. Раководните структури на Федерацијата одлучија да го сменат досегашниот селектор, Папе Тиао. Сенегал шокирачки во 1/16 финалето

Пресврт по четири децении: АПСЕЊЕ ЗА ЛАДНОКРВНО УБИСТВО НА ФЛОРИДА БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЕДЕН ПОВИК

Речиси 40 години откако млада мајка беше претепана до смрт во својот дом, полицијата на Флорида соопшти дека еден телефонски повик ги довел до нов осомничен. Мелиса Елисон (20) беше пронајдена мртва

Сиљановска-Давкова им подари традиционална галичка пафта на младенците на „Галичка свадба“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство. Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел

Кога не му оди на Кејн, тука е Белингам…. Аргентина трет меч во елиминациите се „провлекува“….

  Во полуфиналето од тековниот Мундијал имаме супер пресметка помеѓу Англија и Аргентина. Синоќа англичаните под водство на Џуд Белингам успеаа да ја елиминираат Норвешка со 2:1, додека пак Аргентина иако фаворит
Go toTop