Турскиот министер за одбрана: Од 1 јануари досега неутрализирани се 2.150 терористи

December 24, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, денес соопшти дека од 1-ви јануари до денес неутрализирани се над 2.150 терористи, јавува Анадолу.

„Вкупниот број на неутрализирани терористи од почетокот на годината достигна 2.156“, им рече Ѓулер на турските пилоти кои спроведоа воздушни напади вчера во северен Ирак и Сирија за елиминирање на терористите.

„Ниту еден предавнички член на која било терористичка организација не може да побегне од рацете на нашите херојски војници“, рече Ѓулер.

Неговата изјава дојде откако 12 турски војници загинаа, а шестмина се повредени од терористите на ПКК во северен Ирак.

„Операциите ќе продолжат со непопустлив офанзивен пристап сè додека крвавите терористи не исчезнат од овие простори без оглед на тоа кој ги поддржува, среде ескалацијата на насилството и притисокот“, нагласи Ѓулер.

Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК – која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ – е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Традиционално сечење бадникови гранчиња на падините на Водно 

Следно

Израелска Армија: Уште 8 израелски војници загинаа во борбите во Газа

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop