Пендаровски и Џафери со честитки по повод 21 декември, Денот на наставата на турски јазик

December 21, 2023
2 mins read

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, и претседателот на Собранието, Талат Џафери, упатија честитки до турската заедница во земјата по повод 21 декември, Денот на наставата на турски јазик, јавува Анадолу.

Турската заедница во Северна Македонија го стекна правото на образование на мајчин јазик на 21 декември 1944 година во времето на поранешна Југославија. По осамостојувањето на Северна Македонија, со законска измена на 15 февруари 2007 година, 21 декември се одбележува како Ден на наставата на турски јазик за турската заедница во земјата.

– Пендаровски: Турската заедница е силна врска со братска и пријателска Турција

Во својата честитка претседателот Пендаровски потсети дека на денешен ден во 1944 година започната е наставата на турски јазик во скопското училиште „Тефејуз“, со што, како што истакна, „ослободен е потенцијалот на заедницата, чувајќи го својот идентитет и развивајќи ја својата култура, да придонесува кон општото добро“.

„Корените на денешниов празник ѝ претходат не само на современата македонска држава туку и на современата турска држава. Годинава се одбележуваат 100-годишнината од основањето на Република Турција [Туркије] и 95-годишнината од јазичните реформи и воведувањето на новата турска азбука што за кратко време довеле до масовно описменување“, истакна Пендаровски.

Тој додаде дека турската заедница дава „уникатен придонес кон изградбата и кон развојот на нашата заедничка македонска татковина и збогатувањето на соживотот во македонското мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско општество“.

И покрај предизвиците во образованието и во другите области, Пендаровски нагласи дека претставниците на турската заедница во Северна Македонија даваат голем придонес во секоја сфера и затоа „државата мора да ги отстрани и последните пречки за нашите сограѓани Турци да можат без никаков проблем да го остваруваат ова основно човеково право на образование“.

„Освен што со својата лојалност придонесува кон македонска татковина, турската заедница е и силна врска со братска и пријателска Турција. А плодови на тоа пријателство се одличните билатерални односи и заемната поддршка, многубројните инвестиции, заедничките проекти, донациите за образованието, науката, здравството и културата“, вели Пендаровски.

– Џафери: Како сограѓани ја изразуваме нашата заемна почит кон турската култура, идентитет и посебност –

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во името на пратениците и во свое име упати срдечни честитки по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик до сите сограѓани Турци „кои живеат, творат и придонесуваат во Република Северна Македонија“.

Џафери иста дека турската заедница е додадена вредност во мултиетничкото општество и мултиетничката држава.

„Убеден сум дека овој празник, со кој и институционално, меѓутоа, пред сѐ, како сограѓани, ја изразуваме нашата заемна почит кон турската култура, идентитет и посебност, со посебен акцент на образованието, творењето и негувањето на турскиот јазик, се најдобра инвестиција во иднината на еден народ, а градењето односи на искрена почит, доверба и лојалност кон државата како наш заеднички дом е инвестиција во иднината на државата“, порача Џафери.

Тој нагласи дека тоа може да се постигне „само со подобро запознавање на различностите што нѐ прават уникатни, а сепак сплотени“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Финансиска полиција ќе ја истражува Арсовска откако го накити Скопје за 30.000 евра без објавен тендер

Следно

СЗО: Не работи ниту една болница во Северна Газа, нема доктори и не се примаат нови пациенти

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop