Целосно реконструиран кровот и внатрешноста на објектот “Пинокио“, клон на градинката “Корчагин“

December 21, 2023
1 min read

Објектот Пинокио, клон на детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ доби комплетно реконструиран кров, надворешни тераси и внатрешноста на целиот објект. Во внатрешниот дел на објектот се реновирани занималните и ходниците, реконструиран е дел од ентериерот, извршена е замена на внатрешната столарија, прозорците и паркетот, тоалет на горниот кат, а направена е и целосна замена на електричната инсталација како и реконструкција на дел од водоводната и канализациона мрежа.

-“ Квалитетната и сеопфатна детска заштита подразбира континуирано подобрување на условите во градинките и грижа за најмладите. Затоа работевме на обновување на кровната конструкција и во објектот Пинокио со цел да придонесеме за уште подобри услови за престој на децата особено во зимските и дождливите периоди. Паралелно инвестициите во внатрешноста на градинката и просториите ќе придонесат за поквалитетен воспитно образовен процес и зголемен комфор за децата“, порача Герасимовски.

Општина Центар  потенцира дека и понатаму ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните со цел да се задоволат потребните услови за згрижување на децата во градинките според најсовремените стандард.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Со Србија сакаме да ги продлабочиме односите во областа на одбранбената индустрија“

Следно

Палестинците убиени во израелските напади во Северна Газа се закопуваат среде пат

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop