СО ПРЕМИЕРАТА НА БАЛЕТОТ „МОЛИТВИ НА МОЕТО ТЕЛО“ ВО НОБ СЕ ЗАОКРУЖУВА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ШОПОВ

December 17, 2023
1 min read

Три македонски кореографки, Ивана Коцевска, Адријана Данчевска и Саша Евтимова, го поставија балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ , чија премиера е на 20 декември во Национална опера и балет (НОБ), на 100. роденден на поетот Ацо Шопов. Пред почетокот на претставата, во 19 часот ќе има свечено затворање на јубилејот кој се отвори во март оваа година во седиштето на УНЕСКО.

Идеен творец на овој мултимедијален проект е костимографот Александар Ношпал. Драматизацијата ја направи Соња Здравкова-Џепароска, која вели дека претставата се базира на циклусот „Молитви на моето тело“, кон кој е и приклучена песната „Раѓање на зборот“ и сите циклуси формираат една органска целина.

„Бидејќи секоја претстава која се пренесува во нов медиум бара потчинување на тие закони, оваа поезија е структуирана во три дела. ‚Раѓање’‚ е првиот дел кој се однесува на раѓањето на зборот, на раѓањето на телото, на раѓањето на идејата и секој од овие циклуси беше обоен во одредена боја бидејќи тоа некако органски мене ми се наметна како драматург, а целиот тим го прифати“, рече Здравкова-Џепароска.

Вториот дел е „Преплетување“. Тоа е, како што рече, преплетување или ткаеж, односно игра со зборови, со човечки тела и тука акцентот е ставен на тој дел, а бојата е пурпурно црвена. Третиот дел е „Вознесување“. Вознесување во една нова димензија, вознесување на телото, на идејата, на исчекорување надвор во некоја нова димензија.

Ношпал, директорката на Балетот Олга Панго, директорот на НОБ Васо Ристов и драматургот Соња Здравкова-Џепароска со дел од екипата на пресот. (Фото: К. Попов)

Коцевска го работела првиот дел на музика на Дарија Андовска, Давчевска е авторка на вториот дел на музика на Александар Гроздановски, а Евтимова на третиот на музика на Александар Пејовски.

Во претставата играат Мими Поп-Алексова Атанасовска, Илијана Данилов, Наташа Трендафилова, Ангела Велевска, Ована Димковска, Меланија Гоцевска, Ангела Богатинова, Аманда Роча, Франциско Хименес Руис, Балаш Лочеи, Игор Веланоски, Ендру Кук, Веселин Трајковски и Алфред Јаго.

Сценографијата е на Михајло Стојановски, видеодизајнот и проекциите се на Флоријан Чанга, графиката и визуелниот идентитет го изработи Лазе Трипков. Работеа и Доријан Миловановиќ (филм), Јакуп Јакуп, Нино Митевски и Перо Марачков (дизајн на светло), а посебен гостин е актерот Никола Ристановски. Костимите се на Ношпал.

Репризата е на 22 декември.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Успешно заврши кампањата „Од врата до врата“ на МЗ и СЗО со поддршка од ЕУ – Над 3600 вакцинирани деца или закажани термини за вакцинација

Следно

Убиени најмалку 47 Палестинци во израелските напади на Појасот Газа

Latest from Blog

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Локалитетот Куклица се уште е под узурпација: Една жена не ги пушта туристите, се вративме сите и странци и наши

Иако помина еден месец откако јавноста беше информирана дека татко и ќерка од Кратово го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, проблемот се уште не е надминат, бидејќи

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува

Поради сериозен дефект неколку скопски населби се без вода

Жителите на неколку скопски населби и приградски општини вечерва се соочуваат со сериозен прекин во водоснабдувањето. Како што соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, дефектот се случил на главната водоводна
Go toTop