СДСМ: ВМРО е кочничар на ЕУ – ВМРО-ДПМНЕ: Зошто вашиот пријател Шолц не го однесе на кафе и бугарскиот премиер

December 16, 2023
1 min read

реклама


Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања кој е виновен за тоа што Македонија не ги продолжува преговорите со Европската унија. Од владејачката СДСМ сметаат дека поради блокадите на уставните измени од страна на ВМРО-ДПМНЕ Македонија не ги отвори поглавјата од преговорите со ЕУ.

„Денеска сите ние можевме да славиме, Македонија да се радува на отворање на поглавјата и продолжување на европскиот пат. Виновникот зошто тоа не се случи има име и презиме – Христијан Мицкоски и ДПМНЕ. Блокадите на антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица се единствената причина и покрај тоа што имаме успешно завршен скрининг процес, и покрај тоа што имаме силна и недвосмислена поддршка и отворени врати на ЕУ“, вели Богданка Кузеска.

реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ пак ја отфрлаат вината и тврдат дека уставните измени воопшто не се причината зошто нема преговори со ЕУ, туку дека дел од државите членки на ЕУ не сакаат членство на Македонија во ЕУ. Олаф Шолц може да им помогне и да го викне бугарскиот премиер на кафе, исто како што тоа го сторија со Орбан за Украина, рече потпретседателот на партијата Александар Николоски.

„Еве од СДСМ велат дека Олаф Шолц германскиот канцелар им е голем пријател, нели се од исто политичко семејство, социјалистите од социјалдемократите па се прашувам зошто тие големи пријатели кои ги имаат со кои нели се фалат и се китат со туѓи перја, не го замолија бугарскиот премиер да излезе на едно кафе на 15 минути да се изгласа одлуката за Македонија да почне преговори со Европската Унија и на тој начин да се реши проблемот“, порача Александар Николоски.

реклама

 Македонија на Европскиот самит во Брисел не доби зелено светло за отворање на поглавјата со Европската унија и со тоа да ги продолжи преговорите. Од друга страна пак, Украина и Молдавија добија почеток на преговори откако за време на гласањето германскиот канцелар Олаф Шолц го изнесе унгарскиот премиер Виктор Орбан на кафе бидејќи тој беше против оваа одлука.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски во посета на Градско по повод денот на општината, градоначалникот Нацков со презентација на сработените проекти

Следно

Судот во Ватикан го осуди кардиналот Бечиу на пет и пол години затвор

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop