Судот во Ватикан го осуди кардиналот Бечиу на пет и пол години затвор

December 16, 2023
1 min read

Во судскиот процес во Кривичниот суд на Ватикан, кој траеше две и пол години, беа вклучени 10 обвинети, меѓу кои, за прв пат, и кардиналот Бечиу

Кардиналот Анџело Бечиу на прогласувањето на нови кардинали 28.06.2018 година / ФОТО: EPA-EFE/CLAUDIO PERI

Судот во Ватикан денеска го осуди италијанскиот кардинал Анџело Бечиу на пет ипол години затвор за повеќе кривични дела.

Во судскиот процес против Бечиу, кој траеше две и пол години, тој е обвинет за проневера, злоупотреба на службената положба и обид за лажно сведочење, пренесуваат британските медиуми.

Во судскиот процес во Кривичниот суд на Ватикан, кој трае две и пол години, беа вклучени 10 обвинети, меѓу кои, за прв пат, и кардиналот Бечиу.

Адвокатот на Бечиу, Фабрицио Виљоне, вели дека ја почитува казната, но дека ќе поднесе жалба.

За девет други обвинети има комбинација од осудителни и ослободителни пресуди од речиси 50-те обвиненија поднесени против нив. Само еден обвинет, поранешниот секретар на Бечиу, отец Мауро Карлино, е ослободен од сите обвиненија.

На претседателот на судот Џузепе Пигнатоне му биле потребни 25 минути да ги прочита сите пресуди и казни.

Како и другите девет обвинети, Бечиу е осуден по некои точки од обвинението, а други ослободени.

Папата Франциск во 2020 година го разреши кардиналот Бечиу од функцијата поради непотизам, иако тој ги отфрли сите обвинувања, како и другите обвинети во овој процес, додаваат британските медиуми.

Покрај обвинувањата за пренасочување на ватикански средства кон компании или добротворни организации што ги водат неговите браќа во Сардинија, кардиналот е вклучен и во вработувањето на Сесилија Мароња, исто така од Сардинија, како дел од планот за ослободување на католичка калуѓерка киднапирана во Мали.

Мароња за таа работа во периодот 2018-2019 година од Ватикан добила 575.000 евра, но обвинителите тврдат дека парите биле префрлени на фирма што обвинетата ја отворила во Словенија, како и дека парите ги потрошила за свои потреби.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: ВМРО е кочничар на ЕУ – ВМРО-ДПМНЕ: Зошто вашиот пријател Шолц не го однесе на кафе и бугарскиот премиер

Следно

Снег со слаб интензитет вечерва на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Пресека

Latest from Blog

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop