Тетово и Чаир со скратени блок дотации?! – Шаќири: Ништо нема да им недостига

December 13, 2023
1 min read

реклама


Албанската опозиција, Европски сојуз за промени, се жали дека Министерството за образование и наука ги скратила блок дотациите за општините Тетово и Чаир, бидејќи тие се раководени од опозициски субјекти. Средствата се за одржување на училиштата, превоз на ученици и греење. Валидин Адеми од EСП вели дека зголемување имало само за буџетот за плати.

„За 2024 година кај основните училишта, зборам за општина Тетово, имаме намалување на блок дотациите за 18 милиони денари, а за средните училишта имаме намалување од 13 милиони денари или за  околу 800 илјади евра за 2024 година се скратени блок дотациите во о. Тетово“, порача Валидин Адеми.

реклама

Министерот за образование, Јетон Шаќири на прашањето за овие обвинувања уверуваше дека ништо нема да им недостига на општините Тетово и Чаир, но апелира блок дотациите правилно да се искористат.

„Минатата година општина Тетово не искористи 18 милиони денари од минатата година, и оваа година ќе ги објавиме транспарентно сите општини кои не ги искористиле, но општинските буџети треба да помогнат и за образовниот процес, бидејќи заедничкото управување со образованието не значи именување директори, доделување работни места, туку и коинвестирање во одредени ситуации“, вели Јетон Шаќири.

реклама

Шаќири тврди дека има зголемување на блок дотациите од 3,5% како вкупна вредност, а додава дека во текот на календарската година блок дотациите се зголемуваат со ребалансот на буџетот.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Д-р Марјан Шокаровски е избран за директор на Клиниката за кардиохирургија

Следно

ТВ21 во Брисел – Самит на ЕУ за Западен Балкан

Latest from Blog

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на
Go toTop