ТВ21 во Брисел – Самит на ЕУ за Западен Балкан

December 13, 2023
1 min read

реклама


Самит на Европската унија посветен на земјите од Западен Балкан од денеска во следните три дена се одржува во Брисел.

Македонија не ги направи уставните измени и поради се поизвесно е дека нема да напредува, но каков ќе биде случајот со останатите земји?

реклама

„Чувството тука е исто кога деца пред Божиќ чекаат податоци, но не знаат што ќе добијат. Во таква ситуација се наоѓаат шест земјите од Западен Балкан. Ова се коментарите од тука во Брисел, каде денешниот самит е можност да се потврди перспективата за членство во ЕУ на Западен Балкан.

ЕУ е цврсто убедена дека сака да ги прими шесте земји од Западен Балкан, но прашање е кога. Со оглед на тоа што процедурата се развлече, Брисел сега со финансиска помош се труди да спречи свртување на овие држави кон Кина и Русија.

реклама

Ова се случува часови, пред утрешниот клучен самит на врвот на ЕУ на кој лидерите ќе разговараат и за политиката на проширување, за Македонија, камен на сопнување на тој пат остануваат неспроведените уставни измени. Се поставува и прашањето дали Албанија би можела да продолжи сама без Македонија кон евроинтеграциите.

Тоа можеби е прашањето за кое сите очекуваат одговор. Грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на дипломатски извори од Брисел, вчера објави дека „Грција нема да се согласи да се премине кон следната фаза од преговорите за присоединување на Албанија во ЕУ, доколку нема напредок по прашањето за избраниот градоначалник на општината Химара, Фреди Белери“.

реклама

Да потсетиме дека токму Блери е припадник на грчкото малцинство во Албанија и во мај годинава беше избран за градоначалник на приморското туристичко гратче Химара, каде доминантно живеат албански Грци. Тој беше уапсен под обвинение за купување гласови, што тој го негираше. И покрај изборната волја на гласачите, не му беше дозволено да положи заклетва.

За крај уште да кажам дека македонската делегација ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, а се очекува и билатернална средба со Европскиот комесар за проширување Оливер Вархели“, вели репортерот на ТВ21.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тетово и Чаир со скратени блок дотации?! – Шаќири: Ништо нема да им недостига

Следно

Тензично во Чашка: Шаќири не попушта за паралелка на албански, учениците бојкотираат, полицијата едвај ја спаси директорката

Latest from Blog

Барселона направи потег, се чека на Рафиња

ФОТО:Facebook.com/fcbarcelona/ Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред Рафиња игра феноменално за Барселона, а каталонскиот клуб размислува за продолжување на неговиот договор. Рафиња пристигна на Камп Ноу од Лидс во 2022 година. Не

ФОН ДЕР ЛАЈЕН ДЕНЕСКА ПРЕДЛАГА РАДИКАЛЕН ПЛАН! Се очекува потрес во Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пред Европскиот парламент ќе ја претстави најрадикалната промена на европската безбедносна архитектура и соработката во рамките на западното сојузништво предводено од НАТО, покажува ексклузивниот

Семејството на Македон со благодарност до Божиновска: „Покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска доби јавна благодарност од семејството Димитровски за поддршката што, според нивните наводи, му ја дала на нивниот син Македон во процесот за приклучување

Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

По три дена исполнети со традиционални вкусови, музика, дегустации и дружење, во Гевгелија заврши четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“, кој се одржа со поддршка од Општина Гевгелија. Од 11
Go toTop