Пендаровски: За борба против корупцијата неопходно етичко лидерство во институциите

December 13, 2023
3 mins read

реклама


За борбата против корупцијата неопходно е етичко лидерство во самите институции, мора да се инсистира на навремени истраги и на правосилни пресуди. Апелирам до сите политички чинители конструктивно да се вклучат во овој процес, истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќање на Шестата пленарна сесија на НКЕУ-МК на тема „Национална конвенција за Европска Унија: Темелните општествени вредности за европската иднина“.  

-Деновиве, како што знаете, заврши скринингот за степенот на усогласеност на македонското законодавство со европското. Очекуваме во овој процес да бидат децидно дијагностицирани сите наши системски пропусти и недостатоци и да биде даден патоказ за понатаму. Меѓутоа, општ заклучок е дека не е доволно направено за клучното поглавје – владеење на правото и фундаменталните права кои се алфа и омега на европските интеграции, рече Пендаровски, додавајќи дека со нив започнуваат и завршуваат преговорите, бидејќи тие се провлекуваат буквално низ секоја сфера. 

реклама

Тој потсети дека неодама и Извештајот на ЕК констатира дека немаме напредок на ова поле, а онаму, истакна, каде што не владее правото – владеат парите.  

-Евидентно е, кај нас прилично фреквентно се говори со јазикот на корупцијата. Според истражувањето на јавното мислење спроведен од Македонскиот центар за меѓународна соработка барем една третина од македонските граѓани изминатава година биле изложени на коруптивен притисок и за жал, според истото истражување овој јазик го зборуваат „дури четвртина“ од нашите граѓани кои подлегнале на притисокот и влегле во некаква коруптивна трансакција на пари, врски и влијанија. Притоа, не станува збор само за големи, туку и за мали навидум занемарливи суми, меѓутоа корупцијата е корупција независно дали станува збор за 500 денари или за 500 илјади денари, рече Пендаровски.

реклама

Тој оцени дека за жал, многу врати се отвораат и многу услуги стануваат достапни за оние кои го разбираат овој јазик на корупцијата, а за разлика од нив, оние кои не се дел на тој ланец се честопати дискриминирани бидејќи не можат да ги остварат своите права и да дојдат до оние услуги што им следуваат по закон.

-Ефектите од корупцијата се засилуваат преку правните дупки и нејаснотии што лесно се злоупотребуваат за да се корумпира и за да се избегне одговорноста. Загрижувачки е кога примената на правото зависи од „вештината“ на толкување на оние кои треба да го имплементираат па често законската терминологија добива различно некогаш и спротивно значење од изворното. На крајот од денот одговараат оние кои се огрешиле пред законот, но кои немаат со што „да тргуваат“ за да ја откупат својата слобода, нагласи Пендаровски.  

реклама

За оваа загрижувачка состојба, додаде тој, придонесува и нерешителноста на поединци од надлежните институции да поведуваат постапки против оние за кои постојат основи на сомневање, но кои имаат статус на недопирливи во општеството. 

-Се стекнува впечаток дека САД и ЕУ се поревносни борци против корупцијата кај нас од некои наши институции и поединци во нив. Освен што со години вложуваат во обуки на вработените во македонскиот правосуден систем, тие повремено посегаат и по санкции како што е т.н. црна листа во која САД ги сместуваат лицата за кои сметаат дека се инволвирани во корупција. Меѓутоа, странските санкции не се доволни не само затоа што не се проследени со домашни санкции. Имено, ние се соочуваме со многу подлабок проблем, бидејќи корупцијата во меѓувреме стана начин на живот за многумина или, како што неодамна ја опиша холандскиот амбасадор станува збор за менталитет на луѓето кои мора да се менува. Притоа, не треба да изоставиме уште неколку други елементи, рече Пендаровски.  

Истакна дека и кога се поведени истрагите и процесите на висока корупција се исклучително бавни и неизвесни, а одбраната на овие лица ја користи секоја процедурална алатка за да ги пролонгира судењата и за тоа наоѓа разбирање кај еден дел од судиите со што се засилува перцепцијата кај граѓаните дека правдата е бавна, но недостижна.  

– Второ, дури и малубројните успешно завршени судски процеси  се ограничени на конкретни личности и конкретни дејствија направена во конкретен временски период при што речиси секогаш отсуствува континуитет во акциите во државата, особено по промените на власта на централно или на локално ниво. Ваквите вакуум периоди практично ги поништуваат ефектите од ретките успешно завршен случаи на корупција кај носителите на јавните функции. 

Трето и најважно, нагласи Пендаровски, институционалните практики и културата кои ја овозможуваат системската корупција можно е да се променат само од внатре или со други зборови неопходно е етичко лидерство во самите институции. 

-За драстично редуцирање на корупцијата мораме да инсистираме не само на истраги, туку на правосилни пресуди кои на тој начин се покажува дека законите важат подеднакво за сите дури и за најмоќните и најбогатите, заклучи Пендаровски во обраќањето на Шестата пленарна сесија на НКЕУ-МК на тема „Темелните општествени вредности за европската иднина“.  

Националната координаторка на НКЕУ-МК и претседателка на Европското движење Милева Ѓуровска, истакна дека од перспективите на правосудството оваа година беше специфична и турбулентна. 

-Веќе може да се види појасно што навистина се случува во правосудниот систем – надлежен за да обезбеди еднаквост на сите пред законите. Општиот заклучок произлезен од дијалогот е дека нашата демократијата има насушна потреба од ефективна и независна законодавна и судска власт, рече Ѓуровска. 

Низ Ковенцијата, но и низ другите граѓански иницијативи, се пренесува гласот на правосудната фела која го бара она што ѝ припаѓа – да ја добие оттуѓената судска власт. 

-Нема друга сила која може да ја смири страста за поседување и владеење со институциите од страна на вонинституционалните политичи центри. Или како како што беше истакнато од страна на еден од нашите експерти: Кој друг ќе ги контролира контролорите? Нашето општество е веќе во состојба на длабока аномија т.е. општество каде правилата не важат, како што би се изразиле социолозите, но истото го читаме и во Извештаите на Европската комисија – иако вокабуларот е различен. Затоа дијалогот треба продолжи за гласот да биде посилен – за да ѝм е се вратат институциите на граѓаните, нагласи Ѓуровска.

реклама

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нацрт-договорот од COP28 повикува на оддалечување од фосилните горива

Следно

Конференција на Центарот за истражување на предисторијата

Latest from Blog

Неделковски забранил маркетинг тимот на Вардар да влезе во клубот, Комити на протест

Извршниот директор на ФК Вардар, Миленко Неделковски, донел одлука о која се забранува влез на официјалните лица на Маркетинг тимот на клубот, спротивно на договорот потпишан помеѓу „здружението 35 години Вардарци“ и

Д-р Гавриловска-Брзанов: Трансплантацијата е комплициран и сложен процес со мултидисциплинарен пристап и тимска работа каде минути и секунди се во прашање

Д-р Александра Гавриловска-Брзанов, заменик национален координатор за трансплантација во емисијата “Добриот доктор” говореше за потребата од трансплантација, односно орган. -Трансплантацијата е потребна на сите пациенти кои имаат крајни, тешки оштетувања на органи

Бајден в среда ќе го одржи својот проштален говор од Овалната соба во Белата куќа

Американскиот претседател Џо Бајден  в среда ќе го одржи својот проштален говор до нацијата од Овалната соба во Белата куќа, на пет дена пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Осумдесет и

Зошто Шуто Оризари е преполно со отпад? – Преписка меѓу Град Скопје и градоначалникот Дудуш

Населбата Шуто Оризари е полна со отпад. Инспекциските служби на Град Скопје велат дека откриле оти градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш создал дива депонија. Според Град Скопје, наместо отпадот што го
Go toTop