Нацрт-договорот од COP28 повикува на оддалечување од фосилните горива

December 13, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Преговарачите на климатскиот самит COP28 во Обединетите Арапски Емирати денес се согласија за конечниот нацрт-договор, барајќи од земјите да се тргнат од фосилните горива за да ги избегнат најлошите влијанија од климатските промени.

COP28 започна во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Дубаи, на 30 ноември и требаше да заврши на 12 декември вечерта, но бидејќи преговорите не завршија, последната седница се очекува да се одржи подоцна денеска.

„Претставниците од 197 земји, покрај Европската Унија, на COP28 денес го одобрија историскиот „консензус на ОАЕ“ за климатските промени“, објави државната новинска агенција на ОАЕ „ВАМ“.

Текстот на нацрт-конечниот договор содржи 196 членови на 21 страница, додаде „ВAM“.

Нацрт-договорот, опишан како историски договор, се очекува за првпат да означи дека државите се согласиле на климатскиот самит на ОН експлицитно да се осврнат на фосилните горива и потребата да се оддалечат од нафтата, природниот гас и јагленот за да се ограничи глобалното затоплување.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Mицкоски: Водењето црна кампања на СДСM против мене секој ден им се удира од глава

Следно

Пендаровски: За борба против корупцијата неопходно етичко лидерство во институциите

Latest from Blog

Американската војска повторно го нападна Иран

Според Централана команда на САД, нападите биле насочени кон ракетни лансирни позиции и пловила кои, како што тврдат од американската страна, се обидувале да постават мини во близина на Ормусткиот теснец. Од

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар – локацијата обезбедена, инвеститорот казнет

Инспекциските служби на Општина Центар заедно со Министерството за внатрешни работи веднаш излегле на терен во врска со инцидентот на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде е евидентирано оштетување

Ги знае ли некој овие играчи: Ова е составот на Италија за пријателските!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/NazionaleCalcio/ Привремениот селектор на италијанската фудбалска репрезентација, Силвио Балдини, објави практично нов состав за претстојните пријателски натпревари против Луксембург и Грција. Веста официјално ја објави Италијанската фудбалска федерација (FIGC). Селекцијата е преполна

Тројца загинале во Уганда- се судриле со слон

Полицијата соопшти дека уште четири лица се повредени во несреќата, што се случила во Националниот парк Мерчисон Фолс на северозападниот дел од земјата во недела навечер. Седум службеници на Управата за приходи
Go toTop