„Бата прес“ го објави романот за деца и млади „Лето на езерото Чиче“ од хрватската писателка Јасминка Тихи-Степаниќ

December 12, 2023
1 min read

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат романот за деца и млади „Лето на езерото Чиче“ од хрватската писателка Јасминка Тихи-Степаниќ.  Книгата на македонски ја преведе Ненад Баткоски. Објавувањето на ова дело е подржано од Министерството за култура и ЕУ,  во рамките на проектот „За нивната иднина“ со кој „Бата прес“, во оваа и во наредната година во програмата „Креативна Европа“ објавува петнаесет книги за деца и млади од петнаесет познати европски автори.

Романот за деца и млади „Лето на езерото Чиче“ има повеќе изданија што најубедливо зборува за неговиот квалитет и популарност меѓу младата читателска публика. Езерото Чиче е вештачко езеро, настанато со ископување на чакал во близина на Велика Горица, кај Загреб. Станува збор за возбудлива, психолошка, романтична, еколошки бунтовна и трагична сторија… сведоштво за нашето време! За тинејџерката Луција и нејзиниот единаесетгодишен брат Јанко, се грижи бабата Вишња. Нивните родители се на работа – таткото во Германија, мајката на Јадранот. За сите би била среќа семејството да биде заедно. Луција ја мачат и љубовни проблеми. Но…

Јасминка Тихи-Степаниќ е родена 1958 година во Велика Горица. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Загреб, каде што стекнала диплома за професорка по хрватски јазик.

Нејзиниот прв роман „Имаш Фејс?“ ја доби наградата „Мато Ловрак“ за најдобар роман за млади објавен во 2011 година, а истоимената радио игра е наградена на Деветтиот меѓународен фестивал за радио игри за деца и млади во Братислава.

Автор е и на романите „Ќе ти го фрлам компјутерот низ прозорецот“ (2013) „Мојата непријателка Ана“ (2016), „Домот зад жицата“ (2017), како и на збирката раскази  „Токму како Хари Потер“ (2014) Романот „Лето на езерото Чиче“ излезе во 2018 година и за него авторката ги доби наградите „Григор Витез“ и „Мато Ловрак“ за најдобар роман за млади, како и меѓународната награда „Малиот принц“.

Романот „Каде е Беата?“ е објавен 2020 година, а „Нараквицата за Матилда“ што зборува за актуелните општествени состојби и предизвици излезе од печат во 2021 година.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бесими: Над 560 милиони евра од ЕИБ, ЕБОР и ЕУ за завршување на железничката пруга кон Бугарија и заеднички железнички премин на Табановце

Следно

Зеленски најави нови разговори за „мировна формула“ за јануари 2024

Latest from Blog

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,

ЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира, особено за кочанската трагедија

По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле
Go toTop