Ковачевски убеден дека повторно ќе биде премиер – допрва ќе се одлучува дали на избори СДСМ ќе оди заедно со ДУИ?!

December 8, 2023
1 min read

реклама


СДСМ допрва ќе анализира дали ќе оди на парламентарните избори со заеднички листи со ДУИ иако претходно беше најавено дека такво решение е можно. Премиерот Ковачевски во вчерашното интервју за 360 степени, вели дека сега е многу тешко да се даде одговор дали тоа ќе биде прифатлива но, сепак не ја отфрла таквата опција.

„Тоа е дискусија која што е предмет на анализа, сепак треба да се направат добри анализи од аспект на емпириски студии, што тоа би значело. Второ, во однос на усогласеност на програми, во однос на усогласеност на вредности и трето во однос на усогласеност на кадровската понуда која што би одела во една таква ситуација. Јас опциите не ги отфрлам, меѓутоа, сепак мора да бидат анализирани“, вели Димитар Ковачевски.

реклама

Ковачевски за себе потврди дека тој ќе биде носител на првата изборна единица и е убеден дека на изборите и претседателски и парламентарни СДСМ со коалицијата ќе има сигурна победа и дека тој повторно ќе биде премиер. Тој уште и алудира на тоа дека по изборите ќе има мнозинството со кое заедно со другите коалициски партнери би обезбедил 80 гласа за усвојување на уставните измени. 

„На парламентарните избори на 8 мај и на вториот круг на претседателските избори победник ќе бидат и претседателот предложен од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и јас повторно ќе бидам мандатар. И тоа ќе биде и претседател на државата и Влада со кој што Република Северна Македонија ќе стане полноправна членка на Европската унија“, посочи Димитар Ковачевски. 

реклама

Но како е убеден во победата Ковачевски, исто толкава убеденост има и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. И тој, во интервјуто за Шења, рече дека ќе победи и за претседателските и за парламентарните изборите и тоа со голема разлика.

„ВМРО-ДПМНЕ влегува самоуверено заедно со коалицијата дека победува на тие претседателски избори. Ние не влегуваме дефанзивно, ние влегуваме офанзивно и ние сме убедени во нашата победа. Ние сме убедени, во таа наша победа и јас сум сигурен дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата ќе напише историски резултат но тоа е би рекол, полесниот дел од задачата“, порача Христијан Мицкоски.

реклама

Ковачевски рече дека актуелниот претседател Стево Пендаровски е профилот за идниот претседателски кандидат од  СДСМ кој како што рече треба да се залага за европската интеграција на земјава, ги исполнува барањата на граѓаните и има визија за членство во Европската унија. Мицкоски како профил на идниот кандидат не ја спомна евроинтеграцијата, туку вели дека тоа треба да биде човек со интегритет, кој ќе обединува, патриот и нешто што е поразлично од актуелниот претседател Пендаровски.

реклама

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестинскиот свештеник Авад: „Се пресекуваат виталните артерии на Палестина“

Следно

Средба Ердоган – Османи-Садриу: Туркије ја продолжува поддршката на Косово

Latest from Blog

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА БАРААТ ЕУ ДА ГО ПОЧИТУВА НАШИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ

Централниот совет на Македонците во Германија со седиште во Берлин поднесе формална жалба до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради тешки повреди на основните договори на Европската унија во рамките на

СПЦ го разреши Јустин – шест владици гасале против

Митрополитиот Жички Јустин е разрешен на Светиот архијерејски собор на Српската православна црква, објави вечерва порталот Нова.рс, повикувајќи се на свои извори од Сободот. За смената на митрополитот жички Јустин гласале 27

Ц. Звезда ќе го продаде напаѓачот за 4,3 милиони евра

Напаѓачот на белградска Црвена Звезда, Даглас Овусу, ќе направи трансфер во чешка Викторија Плзен. Како што објавија српските медиуми, Ц. Звезда за него ќе заработи 4,3 милиони евра. Вкупната вредност на трансферот

Кралот Чарлс шокиран и тажен поради смртта на војникот од елитната коњичка единица

Кралот бил „многу шокиран“ и „тажен“ кога дознал за смртта на војникот  , изјави портпарол на Бакингемската палата. Војникот бил дел од кралската трупа, кралската коњска артилерија и паднал околу 19 часот

Димитриеска – Кочоска: Продолжени мерките за поевтини горива до 1 јуни

Владата на денешната вонредна седница донесе одлука за продолжување на мерките за намалување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните до 1 јуни 2026 година. Ова на својот фејсбук
Go toTop