Палестинскиот свештеник Авад: „Се пресекуваат виталните артерии на Палестина“

December 8, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Илјас Авад, духовниот водач на православната заедница во градот Рамала на окупираниот Западен Брег, во врска со зголемените израелските напади врз Палестинците рече дека „се пресекуваат виталните артерии на Палестина“, јавува Анадолу.

Авад учествуваше на Европскиот самит за Палестина кој се одржа во Истанбул, и во изјава за АА говореше за зголемените напади на Израел врз Палестинците.

Тој нагласи дека на овој самит учествувал со делегација составена од муслимански и христијански свештени лица, под водство на махмуд ел-Хабаш, главен судија на Палестина.

„Доаѓаме од Палестина која овие денови е ранета. Се пресекуваат виталните артерии на Палестина. Децата на нашиот народ особено во Појасот Газа и Западниот Брег се изложени на напади, прекршувања и приведувања“, рече тој.

Авад истакна дека сите Палестинци, било муслимани или христијани, се изложени на нападите на Израел.

„Палестинскиот народ е еден, било христијани или муслимани. На тоа што се изложени муслиманите, се изложени и христијаните. Сите ние во исти редови ја браниме Палестина и нашите свети нешта. Особено го браниме Кудс кој е изложен на јудаизација“, додаде тој.

Палестинскиот свештеник упати апел до меѓународната заедница да ја поддржи палестинската кауза.

„Целиот свет го повикуваме да застане покрај нашата палестинска кауза со цел формирање на слободна палестинска држава со главен град Кудс [Ерусалим]“, рече Авад.

Тој истакна дека мирот на Блискиот Исток може да дојде само преку формирање на палестинска држава, и додаде: „Ние како Палестинци први ја пружаме раката за мир.“

„Убивањето невини деца и жени е крајно опасно и ја разурнува Палестина. Денеска го повикавме светот да ја запре деструктивната војна [во Палестина]. Како палестински народ, ние не го гледаме ова од перспектива на христијанин или муслиман. Исто како што беа бомбардирани џамиите, беа бомбардирани и црквите. Како што беа бомбардирани куќите на муслиманите, беа бомбардирани и куќите на христијаните“, рече тој, додавајќи дека Израел објави војна на целиот палестински народ, вклучувајќи ги сите негови светилишта, историја, села и градови.

Авад нагласи дека оваа година ги откажале божиќните прослави, и дека ќе организираат само верски литургии.

„Се наоѓаме во првите редови за да ја браниме нашата кауза. Се надеваме дека Божиќ ќе донесе формирање на палестинска држава и ослободување на Палестинците, тоа ќе биде наш празник“, истакна свештеникот Авад.

Инаку, на Европскиот самит за Палестина организиран во Истанбул учествуваа голем број свештеници, професори и политичари од 50 земји од светот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русковска за случајот со убиствата на Вања и Панче: Истрагата треба да утврди која е вистинската позадина

Следно

Ковачевски убеден дека повторно ќе биде премиер – допрва ќе се одлучува дали на избори СДСМ ќе оди заедно со ДУИ?!

Latest from Blog

Астон Вила „крена раце“ од Мартинез, ќе го купува Сузуки

фото: Le 12e Analyste @ResiliencePSG (X) Новинарот Екрем Конур денеска објави дека екипата на Астон Вила се подготвува за разделба со аргентинскиот репрезентативен голман Емилијано Мартинез. Според Конур, англискиот клуб засилено работи

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“. Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Локалитетот Куклица се уште е под узурпација: Една жена не ги пушта туристите, се вративме сите и странци и наши

Иако помина еден месец откако јавноста беше информирана дека татко и ќерка од Кратово го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, проблемот се уште не е надминат, бидејќи

Хит видео од фронтот: Митралез го врти и отфрла рускиот војник (ВИДЕО)

Видеото, за кое се верува дека е автентично според достапните информации, прикажува руски војник како отвора оган од митралез поставен на импровизирана ротирачка поставка. Сепак, поради силен отскок, оружјето одеднаш се свртува
Go toTop