Резултати ПИСА 2022: Од 81 земја, учениците во Македонија на 61 место по математика, на 71 по јазична писменост и на 68 место по природни науки

December 5, 2023
1 min read

реклама


 Организацијата за европска соработка и развој (ОЕЦД) ги објави резултатите од меѓународното ПИСА-тестирање спроведено во 2022 година, во кое учествувале ученици на 15-годишна возраст од 81 земја во светот. 

Како што соопшти Министерството за образование и наука, за нашата држава разликата во резултатите споредено со тестирањето пред пет години е  минимална и Северна Македонија го задржува нивото кое беше измерено во 2018 година.

реклама

-Од вкупно 81 држава кои беа дел од тестирањето, со постигнати 389 поени, нашата земја е на 61-то место според резултатите по математика. Со постигнатите 359 поени при мерењето на јазичната писменост, односно читање со разбирање, рангирани сме на 71-то место, додека по природни науки нашите ученици постигнаа 380 поени, што ја рангира државата на 68-то место во светот, соопшти МОН. 

Министерството посочува дека резултатите од меѓународното ПИСА-тестирање 2022  покажуваат генерално намалување на нивото на јазичната, математичката и научната писменост кај учениците на 15-годишна возраст во речиси сите држави учеснички и дека тоа се должи на „негативните последици од пандемијата со Ковид-19 врз квалитетот на образованието во глобални размери“. 

реклама

-Резултатите ќе бидат од исклучителна важност за ревидирање на постојните и креирање на идните образовни политики. ПИСА е едно од најпознатите и најкредибилни меѓународни тестирања кое ја мери писменоста, односно применливото знаење што му е потребно на ученикот за да го продолжи своето образование и да успее во личниот и професионалниот живот. Задачите во тестовите се поврзани со реални ситуации во кои може да се најдат учениците, и преку одговорите не се мери репродуктивното, туку функционалното знаење, кое е важно за поврзување, разбирање и решавање проблеми, соопшти МОН. 

Министерството посочува дека ПИСА-тестирањето првпат кај нас се реализираше електронски и дека ОЕЦД дала висока оценка која, како што наведува „ја потврдува техничката подготвеност на Северна Македонија и беспрекорноста на спроведувањето, што не е случај во 20 проценти од земјите учеснички во кои не беше запазен барем еден од стандардите на изведување на тестирањето“.

реклама

ПИСА 2022 беше четврто учество Република Северна Македонија во ова меѓународно тестирање, а претходните учества беа во 2000, 2015 и 2018 година.

Тестирањето во април и мај 2022 година го реализираше Државниот испитен центар. Беа опфатени 6610 ученици од 111 средни училишта каде што се тестираа од 35 до 155 ученици на македонски и на  албански јазик.

реклама

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелска армија: Од 31 октомври врз Газа се истрелани повеќе од 100.000 гранати

Следно

Амнести интернешнал: Израел има употребено американска муниција во убивањето цивили во Газа

Latest from Blog

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30

Тоневски од Пробиштип: Довербата и транспарентноста се клучни за рамнотежа меѓу рударството и екологијата

Придобивките од рударството за општините мора да се разгледуваат заедно со грижите на населението и потребата од континуирана заштита на животната средина, порача градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, кој учествуваше на

Коњановски: Документарните приказни од секојдневието се посебната вредност на „Камера 300“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го отвори 34-тото издание на Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“, истакнувајќи го неговото значење за културниот живот на градот и за зачувувањето на наследството
Go toTop