Израелска армија: Од 31 октомври врз Газа се истрелани повеќе од 100.000 гранати

December 5, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Израелската армија објави дека истрелала повеќе од 100.000 артилериски гранати од денот кога ја почнала копнената операција во Појасот Газа, пренесува Анадолу.

Во соопштението на израелската армија се наведува дека над 100.000 артилериски гранати биле истрелани во Појасот Газа од почетокот на копнената операција против Појасот Газа на 31 октомври.

Се наведува дека израелските артилериски единици „играле важна улога“ во судирите од првиот ден од нападот на Појасот Газа и „ги елиминирале заканите за копнените трупи и им дозволиле да напредуваат“.

Израелската армија сподели и снимка од артилериските единици што истрелуваат голем број гранати.

Израел во петокот ја продолжи својата воена офанзива врз Појасот Газа откако стави крај на еднонеделното хуманитарно примирје со Хамас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Свеќите пред „Песталоци“ и денеска сведочат за тагата по Вања, оние што не се на погреб оддаваат почит во нејзиното училиште

Следно

Резултати ПИСА 2022: Од 81 земја, учениците во Македонија на 61 место по математика, на 71 по јазична писменост и на 68 место по природни науки

Latest from Blog

Меџити: Без жените нема силно општество и успешна политика

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, вечерва заедно со сопругата, пратенички и претставнички на Форумот на жени во ВЛЕН, учествуваше на конференцијата „Жената и семејството“, организирана во рамки

Трамп до Си: Чест ми е да бидам твој пријател

Тој рече дека САД и Кина имаат „фантастичен однос“ и дека брзо ги решавале проблемите во минатото. „Секогаш кога имавме проблем, луѓето не го знаеја, ние го решававме многу брзо. Имаме фантастична

Одземен е пасошот на претседателот на судот во Гостивар, осомничен за мито

Од Кривичниот суд информираат дека е одземен пасошот на В.Д. претседателот на основниот суд во Гостивар, Елјеса Алији, кој е осомничен за примање на мито. -Постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство за
Go toTop