Продолжен рокот за аплицирање за доделување месечни надоместоци на самостојни уметници за 2024 година

December 2, 2023
1 min read

Поради големиот интерес, а на барање на апликантите, министерството за култура го продолжи рокот за аплицирање на Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојни уметници за 2024 година, до 3-ти декември (недела), до 23:55 часот, информираат од Министерството за култура.

Конкурсот беше отворен на 1 ноември и требаше да трае до 1 декември 2023 година.

Пријавувањето на Конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојни уметници за 2024 година се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.

Министерството објави и водич за електронско пријавување.

Со конкурсот се обезбедуваат средства од Буџетот на Република Македонија за самостојните уметници, како месечни надоместоци за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за данокот на личен доход на самостојните уметници.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелски медиуми: Нетанјаху му рекол на Блинкен дека Израел планира создавање тампон зона во Газа

Следно

Случај „Непобедливи дивоградби на Пластичарска”: Инспекторатот вели дека Општината го саботирала рушењето, за Центар тоа се несериозни тврдења

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop