Брза железница од Скопје до Ниш, возот ќе се движи со 160 км/ч, Македонија и Србија потпишаа меморандум

November 17, 2023
1 min read

реклама


Македонија и Србија во Белград потпишаа Меморандум за изградба на железничка мрежа со високи перформанси, како дел од железничкиот коридор 10.

Станува збор за железница која во првата фаза треба да се изгради во должина од околу 50км на територија на Македонија и целта е, како што рече српската премиерка Ана Брнабиќ, коридорот 10 да се изгради целосно со нова железница од Скопје до Солун и потоа од Солун до Пир и Атина.

реклама

-Апелирам до партнерите од Северна Македонија што поскоро да формираат мешана комисија за економска соработка. Минатата година имавме рекордна размена на стоки која достигна до една милијарда и 480 милиони евра, околу 28% повеќе од 2021-вели Брнабиќ.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски рече дека со ова државата презема обврска да обезбеди средства за овие проекти во меѓународните финансиски институции на начин што поскоро да започнеме со спроведување на оваа регионална иницијатива.

реклама

Следните две недели владите на дете земји треба да формираат работна група која ќе подготви план за динамиката на активностите за реализација на овој проект.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шест милијарди од ЕУ за раст на Западен Балкан, за Македонија 860 милиони, но само доколку се исполнуваат реформите

Следно

Следна песна на репертоарот треба да ви биде: Запаличу пола града

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop