Шест милијарди од ЕУ за раст на Западен Балкан, за Македонија 860 милиони, но само доколку се исполнуваат реформите

November 17, 2023
1 min read

реклама


Од 6 милијарди евра кои Европската унија ги одвојува за земјите од Западен Балкан, за Македонија се определени околу 860 милиони, од кои дел се директна помош , а дел се заем.

Спроведувањето на ваквиот план не е врзан со исполнување на уставните измени за преговорите со Европската унија и има за цел да ги унапреди земјите пред нивното зачленување. Но овој план има поразличен пристап во контролата на средствата, која ќе биде во надлежност на Европската унија, а нивното доделување ќе се врши единствено откако ќе бидат постигнати реформите во планираните проекти.

„Целосно и оценката на зрелоста и оценката на процедурата кога ќе се дефинираат конкретните проекти што ќе се финансираат од овој план и нивната имплементација е под контрола на Европската комисија. Така што ние, најдобра гаранција ни е тоа дека веќе имаме воспоставени силни механизми кои што спречуваат или контролираат да не дојде во најголема мера, до корупција во оние проекти што се финансирани од ЕУ.“, рече Маричиќ.

Но како ќе се определуваат средствата? Министерот за финансии Фатмир Бесими објасни дека постојат точно определени правила како ќе се користат. Една половина одат за буџетска поддршка а другата половина е наменета за инфраструктурни проекти, рече Бесими.

„Ќе има точно и прецизно на 6 месеци што е исполнето и како ќе се искористи за 4 години. Доколку земја во тој рок ги нема исполнето критериумите нема да ги добие средствата и добива дополнителен рок за да ги искористи истите средства и тогаш таа можност, зависи кој побрзо се движи со реформите, побрзо ќе ги користи средствата. Вториот дел за инфраструктурни проекти се состои од другата половина од средствата што следат и две третини од тоа ќе бидат грант преку Западен Балкан Investment Framework и една третина ќе биде заем.“, изјави Бесими.

Според генералниот директор на Директоратот за соседски преговори за проширување Јан Копман исполнувањето на овој план директно ќе влијае на растот на приходите на граѓаните.

„Тој треба да ги зголеми двојно вашите економии или просто кажано во моментов просечниот приход е 6 илјади евра по лице, за 10 години треба да биде 12 илјади евра по лице. Реформите се суштински за Планот за раст и треба да се преземат за да ги добиете парите. Парите само се доделуваат доколку се спроведуваат реформите согласно реформските агенди и одобрени од Европската комисија.“, кажа Копман.

Формално земјите самите ќе ги подготват четирите годишни реформски агенди, но во консултација со Брисел, што ќе обезбеди средствата да одат таму каде што треба да дадат резултати. Земјите што ќе заостануваат во исполнување на реформите ќе ги губат парите од овој План за развој.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спасовски: На фирмите кои се на „црната листа“ на САД треба со закон да им се забрани да учествуваат на тендери за јавни набавки

Следно

Брза железница од Скопје до Ниш, возот ќе се движи со 160 км/ч, Македонија и Србија потпишаа меморандум

Latest from Blog

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос

Николоски: Македонија домаќин на светската градежна научна елита

Македонија е домаќин на Eurock 2026, престижен меѓународен собир на градежната научна јавност, на кој учествуваат неколку стотици професори и експерти од целиот свет. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар
Go toTop