МЗ: Нема да се продолжи мандатот на организациската директорка на Завод за физикална медицина и рехабилитација во Скопје

November 16, 2023
1 min read

реклама


Нема да ѝ се продолжи мандатот на организациската директорка на Заводот за физикална медицина и рехабилитација во Скопје, Миранда Шабани и таа ќе се прераспредели на друго работно место, соопшти попладнево Министерството за здравство (МЗ).

Во соопштението се наведува дека Шабани доставила до Министерството известување со одредени наводи за злоупотреби во Заводот.

реклама

„Дописот со останатиот материјал доставен до МЗ, ќе се разгледа и ќе се постапи во рамки на законот, се појаснува во соопштението.

Кај одредени медиуми вчера пристигнала најава дека денеска ќе се одржи штрајк во дворот на Заводот, но, штом новинарите пристигнаа таму, беше соопштено дека нема такво нешто.

реклама

Шабани, пак, во пишана изјава за медиумите, потврдува дека штрајкот бил најавен вчера и оти на најавата, како што вели, одговорила дека правото на протест е загарантирано со Устав и дека го почитува.

-Дури и го поддржувам штрајкот затоа што во институцијата каде што ја извршував функцијата како организациски директор, плата земаа лица кои што никогаш не сме ги виделе на работа. Лица кои што никогаш не биле потпишани во книгата за евиденција. Како организациски директор, побарав од медицинскиот директор, правен сектор и секторот за човечки ресурси, на лицата кои не доаѓаат на работа, да им се прекине договорот. Директорот не прифати, поради само нему познати причини. За да не се оптовари буџетот на институцијата, решив да не ги потпишам платите. Им се извинувам на сите чесни вработени, кои даваат труд и пот за оваа институција и што не биле исплатени на време, но, мислам дека оваа работа треба да се реши за да и на нив утре им се исплати трудот, подвлекува Шабани во пишаната изјава за медиуми.

реклама

Таа била директор во оваа институција шест месеци, период, за што како што вели, „не бил доволен за да се откријат сите неправилности“.

„Во првиот момент кога го видов планот за актуелните вработени што беше составен по барање на Фондот за здравство и планот за нови вработувања, сфатив дека податоците не се совпаѓаат и решив да не потпишам. Дали јас ќе бидам разрешена, или нема да ми се продолжи мандатот, тоа е најмал проблем во оваа институција. Битно е да се платат тие што работат, а не тие што не доаѓаат на работа, наведува Шабани.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шпанија: Педро Санчез реизбран за премиер

Следно

Лукаревска: Солидарен данок не платиле уште 19 компании

Latest from Blog

Пирло е главен кандидат за селекторското место на Италија

ФОТО: FC Juventus/FB Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, е главен кандидат за нов селектор на Италија. Познатиот весник „Газета дело Спорт“ објави дека новата структура на италијанската федерација предводена од Паоло

ОВА Е ЖЕНАТА, РУСКИ ШПИОН, која била уфрлена кај Епштајн да ја следи западната политичка и бизнис елита

Агент на руската безбедносна служба ФСБ живеел со Епштајн со години, собирајќи компроматирачки информации и материјали за мировната елита и службениците, објави Le Monde и The Newsground. Покрај неговиот интерес за млади руски жени

Со 69 гласа изгласани се новите министри во Владата

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите министри ја добија довербата од пратениците и во наредниот период ќе раководат

Ал-Наср во финансиски проблеми: Соиграчите на Роналдо добиле само пола плата за јуни

Ал-Наср, каде што игра Кристијано Роналдо, се соочува со финансиски тешкотии. Неколку од играчите на тимот наводно добиле помали плати од нивната целосна плата за јуни, но раководството на клубот работи на

Французин во Сингапур ја излижа сламката и ја врати меѓу чистите. СУДЕЊЕТО МУ Е ОДЛОЖЕНО (ВИДЕО)

Судењето на 19-годишен Французин обвинет дека се снимал себеси во Сингапур како лиже сламка од машина за сок, а потоа ја враќа во садот, е одложено бидејќи обвинителите се обидуваат да разјаснат
Go toTop