ДУИ: Извештајот на ЕК ја докажува нашата посветеност на патот кон ЕУ

November 11, 2023
1 min read

реклама


Демократската унија за интеграција го поздрави извештајот од Европската комисија, и напоемнува дека тој ја докажува посветеноста на партија на патот на земјава кон Европската Унија.

„Демократската унија за интеграција го поздравува извештајот на Европската комисија, кој потврдува дека и покрај опструкциите и блокадите од опозицијата, како и енергетските, безбедносните и финансиските кризи, Република Северна Македонија ги исполнува условите да го продолжи патот кон членството во Европската Унија.

реклама

Според извештајот на ЕК, постигнат е напредок до 81% од поглавјата и нема назадување во ниту едно поглавје, а што се однесува до подготвеноста на поглавјата има соодветно ниво на подготвеност до 90%.

Демократската унија за интеграција оценува дека извештајот на Европската комисија јасно покажува дека главните пречки за напредок се токму опозициските партии кои ги блокираат уставните измени и европскиот пат на земјата.

реклама

Забележан е голем напредок и поради фактот што Европската Унија го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан и со овој план нашата земја има една милијарда евра на располагање и продолжува со реформите и процесот на интеграција, по пет месеци ќе го имаме првиот трансфер од овој нов Пакет.

Демократската унија за интеграција и во оваа прилика апелира до сите политички чинители, академскиот свет, граѓанското општество и медиумите да придонесат земјата успешно да го заврши новиот најголем предизвик од независноста, бидејќи нема друга алтернатива за да има поперспективен живот за сите нас.“, стои во соопштението на ДУИ.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските сили вршат интензивни воздушни напади на неколку локации во Газа

Следно

(ВИДЕО) Сакам ти да ми бидеш мајка – сторија за згрижувачките семејства и згрижените деца

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача
Go toTop