Костадиновска Стојчевска: Универзалната сала се уште е под Град Скопје, немаме договор за примопредавање

November 2, 2023
1 min read

реклама


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на денешниот брифинг со новинарите информираше дека Универзална сала се уште е под Град Скопје, затоа што немаат потпишано договор за примопредавање ниту на ингеренциите за реконструкција, ниту на проектната документација. Како што рече, истата е во опасност дека може да падне со оглед на тоа што долго време е отворена.

Како што најави, утре претставници на Министерството за култура ќе имаат состанок со претставниците од Градот и се надева на некакво поместување.

реклама

-Министерството за култура до ден денес нема добиено никаков договор за потпишување дека ингеренциите за реконструкција се префрлаат кај нас. Постои само една одлука на Совет која што ја изгласаа советниците и толку. Од тогаш, со службите во Град Скопје се обидувавме да комуницираме, но немавме никаков одговор. Пред два дена правниот сектор во Министерството за култура направи договор за примопредавање на ингеренциите за реконструкција на Универзална сала и го прати до Градот.  И денеска добивме одговор дека утре ќе имаме состанок со нивниот сектор и се надевам дека ќе има некое поместување, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа посочи дека не може да направи никаков акциски план се дури нема вистински увид на Универзалната сала. Како што посочи, во јуни добила известување од ИЗИС дека Универзална сала веќе е во опасност дека може да падне. 

реклама

-Во јуни месец годинава добив две известувања од ИЗИС дека Универзална сала веќе е во опасност дека може да падне. Многу долго е отворена, а следува време на зима, на дождови, на ветрови и на снегови и мора да се затвори. Затоа, јас неколку пати се јавував, апелирав и на последната прес-конференција, градоначалничката Арсовска рече дека службите го подготвуваат процесот. Но, Универзална сала уште е на Град Скопје. Тоа е децентрализирана установа на Градот, рече Костадиновска Стојчевска на брифингот.

Како што потсети, Универзалната сала е и носител на проектот на Европска престолнина за култура за 2028.

реклама

Во однос на Европска престолнина за култура, Костадиновска Стојчевска рече дека до март најдоцна треба да пристигнат експерти од Европска комисија и да извршат увид што имаме сработено.

-Шест месеци по добивање на титулата, односно најдоцна до март следната година, треба да дојдат експерти од Европска комисија кои ќе видат до кај сме. Јас имам чувство дека тоа ќе биде пак како сега во пет до 12, меѓутоа во екот на избори не знам кој што ќе направи, кога сите ќе бидеме на друго ниво и кога ќе бидеме лимитирани, рече министерката.

Таа додаде дека ќе излезат во пресрет да помогнат со нивниот буџет, преку финансирање на проекти. 

-Ние дадовме поддршка на Град Скопје за ЕПК. Градот Скопје нема многу инфрраструктура на европската престолнина на култура, поголемата инфраструктура нормално припаѓа на Министерството за култура. Затоа излеговме во пресрет, дури и да помогнеме преку нашиот буџет, преку финансирање на проекти. Избегнувавме да даваме одговори за Универзална и за ЕПК, затоа што може да дојде до промена преку ноќ и да немаме никакво поместување и да бидеме исклучени, рече министерката. 

реклама



MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во судирите во Газа е убиен израелски потполковник

Следно

Мицкоски со нови сознанија за Онкологија и аферата „Диво месо“: Mора да има одговорност за канцер мафијата

Latest from Blog

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по

Грција: Суспендирани над 10.000 ученици поради употреба на мобилен телефон на настава

Од почетокот на учебната година во Грција, поради употреба на мобилен телефон за време на наставата суспендирани биле 10.700 ученици, според министерот за образование, религија и спорт на Грција Кирјакос Пиеракакис, јави
Go toTop