Во судирите во Газа е убиен израелски потполковник

November 2, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Еден израелски потполковник загина во судирите во блокираниот Појас Газа, а бројот на загинати војници од 31 октомври, кога започна копнената операција, се искачи на 18, пренесува Анадолу.

Во соопштението за медиумите на израелската армија се наведува дека во судирите на северот на Газа животот го загубил потполковникот Салман Хабака, командант на 53. баталјон на 188. оклопна бригада.

Се вели дека тројца израелски војници биле повредени во судирите, со што бројот на израелски војници загинати во Газа се искачи на 18 од почетокот на копнената операција на 31 октомври.

Израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни воздушни напади откако палестинската група Хамас започна ненадејна офанзива против Израел на 7 октомври. Израел започна бомбардирање на Газа, а на 31 октомври започна копнена операција во Газа.

Бројот на загинати во Газа од 7 октомври досега се искачи на 9.061, од кои 3.760 деца и 2.326 жени, соопшти денес палестинското Министерство за здравство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маж од Гостивар си реемитувал телевизиски канали без лиценца – имал 2800 клиенти, плаќале 100 евра годишно!

Следно

Костадиновска Стојчевска: Универзалната сала се уште е под Град Скопје, немаме договор за примопредавање

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop