За СДСМ градоначалникот на Прилеп Јовчески ги изневерил граѓаните, за ВМРО-ДПМНЕ се реализираат проекти

October 31, 2023
1 min read

реклама


Прилепчани се изневерени, зашто по две години од мандатот на актуелниот градоначалник Борче Јовчески не е направено ништо, ниту за градот ниту за граѓаните. Наместо урбанистички ред, има хаос, повисоки давачки и нереализирани а ветени проекти, велат од СДСМ, кои за состојбата во Прилеп го обвинија ВМРО-ДПМНЕ, под чие раководство е локалната самоуправа во градот.

– Прилепчани плаќаат и до 300 отсто повисок данок на имот, за 67 проценти се зголемени сметките за комунални услуги. Ги нема ветените реконструкции на Старата прилепска чаршија, градските плоштади и амфитеатарот во Варош, нема бесплатен оброк за учениците до четврто одделение. За две години се потрошени 50 милиона евра, а не е реализиран ниту еден проект. Не се направени ветените катни гаражи или најавените кружни текови. Градот има високо ниво на загаден воздух, вели пратеникот од СДСМ, Миле Талески и тврди дека се потрошени 700 000 евра за привремено вработување на луѓе блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

Од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, пак, го тврдат спротивното, односно дека се реализираат проекти, а претходната градска власт оставила големи долгови.

– Се обновува заборавената инфраструктура, се рехабилитирани речиси 40 улици. Оваа локална власт има инвестирано над 50 милиони денари во средните и основните училишта во нашата општина, за значително подобрување на условите за работа и учење. Извршена беше реконструкција и на плоштадот Методија Андонов Ченто, на потегот од споменикот Пеце Атанасоски спрема ОУ „Кочо Рацин“ во должина од 216 метри. Моментално се работи на проект за изградба на главен доводен цевковод и изградба на пумпни станици, кој ќе реши деценискиот проблем во населеното место Канатларци. Ова се само мал дел од реализираните проекти, и покрај долгот кој СДС го остави од речиси пет милиони евра поради недомаќинското работење на минатата локална власт, изјави Билјана Кузманоска, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Амбасадата на Туркије во Скопје организираше прием по повод 100. годишнината од прогласувањето на Република Туркије

Следно

Германците се зафатија со егзистенцијалните прашања за државата

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop