Амбасадата на Туркије во Скопје организираше прием по повод 100. годишнината од прогласувањето на Република Туркије

October 31, 2023
2 mins read

СКОПЈЕ (АА) – Турската амбасада во Скопје организираше прием по повод 100-годишнината на Република Туркије, јавува Анадолу.

На приемот што амбасадорот на Туркије во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, го приреди во резиденцијата на Амбасадата, присуствуваа претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за здравство Фатмир Меџити, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, министерот за правда Кренар Лога, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, претставниците на турските организации и институции во земјата, пратеници, политичари, претставници од невладиниот сектор, дипломати, вработени во турската амбасада како и голем број поканети гости.

Приемот започна со интонирање на националните химни на Туркије и на Северна Македонија, по коишто се обрати амбасадорот Секизќок.

Турскиот амбасадор нагласи дека за Туркије, Првата Светска Војна завршила со потпишувањето на Лозанскиот мировен договор и дека истата година била прогласена Републиката.

„Ако се земаат во предвид условите во Туркије во 1920-тите години и светска конјуктура, прогласувањето на Републиката бара голема визија и потпирање на народот, бидејќи исполнувањето на концептот на Република е цел што може да се постигне само заедно со народот“, рече амбасадорот Секизќок.

Според него, во тие денови започнало големо обновување и движење напред.

„Почнувајќи од 1923 година, Туркије напредува во секоја област на патот кој беше отворен од страна на Ататурк, постигнувајќи нови придобивки. Ататурк беше лидер којшто кон светот гледаше од една широка перспектива. Со зборовите „мир во земјата, мир во светот“, тој привлекува вниманието врз себе посочувајќи дека меѓународниот мир и безбедност се неделиви, и дека не може да се остане рамнодушен за проблемите на другите народи“, додаде Секизќок.

Тој истакна дека Туркије која се наоѓа во регион во кој се спојуваат Балканот, Кавказот, Средниот Исток и Медитеранот, веќе едно столетие вложува напори за мир и стабилност на глобално ниво, и дека дава поддршка и за подалечните региони.

„Стотици години заедно живеевме на Балканот. Заедно го изградивме културното богатство на овие територии. Задоволни сме што забележуваме колку голема љубезност постои кон Туркије на Балканот со кој имаме цврсти врски. Исто така, среќни сме што забележуваме дека Турците во Северна Македонија, кои се меѓу народите основачи на оваа земја, имаат посебно место во нашите односи“, нагласи турскиот амбасадор.

Меѓу другото, Секизќок во своето обраќање говореше и за врската помеѓу Ататурк и Северна Македонија.

„Корените на предците на Ататурк се протегаат до Северна Македонија. Исто така, знаеме дека Ататурк во своите млади години го дишел воздухот на мултикултурна и шарена атмосфера на Северна Македонија. Годините кои како истакнат ученик на воената школа и како капетан ги поминал во овој регион, имаат големо влијание врз неговиот пат да стане голем лидер. По прогласувањето на Републиката, Ататурк стана извор на инспирација за другите народи. Во овој поглед, тој остави свој белег во историјата. На Ататурк, кој ни ја подари Републиката, се сеќаваме со почит и благодарност. Нека ни е честита 100-годишнината од Републиката“, додаде турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно со сончеви периоди, температурите до 26 степени

Следно

За СДСМ градоначалникот на Прилеп Јовчески ги изневерил граѓаните, за ВМРО-ДПМНЕ се реализираат проекти

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар

Трамп: Крај на нападите врз енергетските цели; Русија: Да, но имаме услов

Кремљ денес го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мораториум на меѓусебните напади на Русија и Украина врз енергетските капацитети, но Москва веднаш постави јасни услови – бара заштита на
Go toTop