Маричиќ-Рејндерс: Владеењето на правото нема алтернатива, реформите мора да продолжат во интерес на граѓаните

October 27, 2023
1 min read

реклама


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ се сретна со еврокомесарот за правда, Дидиер Рејндерс, со кој разговараа за клучните теми за процесот на европска интеграција, а тоа се владеењето на правото и судските реформи.

Соговорниците се согласија дека владеењето на правото и консензусот се клучни на патот кон ЕУ и дека за Северна Македонија мора да го забрза усогласувањето со најдобрите практики и процедури на ЕУ, во оваа најважна област од преговарачкиот процес со ЕУ.

реклама

Вицепремиерот ја искористи приликата да се заблагодари за поддршката на Европската Унија за Северна Македонија во процесот на евроинтеграциите, како и во реформските процеси во областа на правдата, додавајќи дека интензивно се работи на исполнување на европската агенда, со цел побрз напредок на нашата држава на патот кон членство во ЕУ.

-Работиме на Патоказот за владеење на правото и во него ги опфаќаме сите суштински реформи кои се предуслов за градење на европски правна држава. Мораме да продолжиме со интеграцијата во ЕУ и побрзо да го реформираме македонското општество, бидејќи владеењето на правото нема алтернатива, рече вицепремиерот Маричиќ на средбата.

реклама

Зборувајќи за текот на подготовката на Патоказот за владеење на правото, вицепремиерот Маричиќ го брифираше Рајндерс дека е во напредна фаза и дека е направен детален и стратешки план во кој се рефлектира нашата визија и политичка заложба за реформи до 2030 година.

Рајндерс потврди дека ЕУ ја поддржува нашата држава во спроведувањето на реформите и дека со заеднички сили ќе работиме на предизвиците и на она од што граѓаните имаат најголема корист и што ќе ја врати довербата во правосудниот систем, а тоа е подостапна правда, еднаквост на сите пред законот, борба против корупцијата и организираниот криминал.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелските напади ја зголемуваат ранливоста на Газа од климатските промени

Следно

Намалените цени на прехранбените производи означени со „гарантирана цена“, наместо до 30 ноември – ќе важат до 31 декември

Latest from Blog

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години

Македонскиот дејвис куп репрезентативец Кристијан Јанев по голема борба успеа да избори пласман во второто коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 18 години што се игра во Оберпулендорф, Австрија.
Go toTop