Амон: Во интерес на Австрија е Северна Македонија што поскоро да пристапи кон ЕУ, тоа е прашање на стабилност и економски напредок

October 18, 2023
1 min read

реклама


Австрискиот покраински министер за европски и меѓународни прашања, образование и човечки ресурси на Штаерска, Вернер Амон на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин шефот на дипломатијата Бујар Османи, порача дека во Штаерска треба да гледаме доверлив партнер на нашиот пат кон ЕУ.

Амон, нагласи дека Австрија припаѓа на оние земји кои силно го поддржуваат пристапувањето на Западен Балкан и пред се на Северна Македонија во ЕУ, бидејќи, како што рече „битно е кога светот се сочува со големи нестабилности да се внесе стабилност во регионот, а членството во ЕУ би придонело за поголема стабилност“.

реклама

-Во интерес на Австрија е земјите од Западен Балкан, а пред се Северна Македонија што поскоро да пристапат кон ЕУ бидејќи за сите нас во Европа тоа е прашање на стабилност, на економскиот напредок.Затоа што сметам дека предолгото чекање секако води кон фрустрација и треба да внимаваме, да ги убедиме луѓето да не се разочараат на патот кон ЕУ. И токму тој напредок треба навистина и да биде награден и наскоро да резултира и со пристапување во ЕУ, рече Амон, одговарајќи на новинарско прашање дали 2030 години е реална цел за членство на Северна Македонија во ЕУ. 

Османи и Амон денеска потпишаа заедничка Декларација за соработка меѓу Република Северна Македонија и Покраината Штаерска (Република Австрија) и Писмо за намери за пристапување на Северна Македонија во Алпе-Адриа Алијансата. 

реклама

Според Амон, станува збор за една стара Алијанса од 80-те години која сака да ги обедини државите од јадранската област за да може полесно да се реализираат заедничките европски интереси. Во неа спаѓаат Словенија, Хрватска, Унгарија, како и повеќе австриски покраини. Ова е, вели тој, многу добар сигнал за Западен Балкан и за Северна Македонија и очекува потпишувањето на документот – Писмото за намери да резултира со конкретни проекти и соработка во науката, образованието и економијата.

Министерот Османи истакна дека Штаерска, како значаен европски инвеститор, има значително економско присуство во регионот на Западен Балкан. Шпаркасе, Граве и уште неколку други инвестиции од Штаерска, рече тој, говорат за високото ниво на економска соработка, што има за цел да придонесе за побрз економски развој, но и за одржливост на нашата економија, носејќи нѐ чекор поблиску до ЕУ.

реклама

Со оваа посета, се согласи и Османи, се отвораат нови можности за поврзување и соработка меѓу нашата држава и австриската покраина во различни секторски области и искажа целосна подготвеност за натамошна динамика во соработката со Штаерска.

Потпишаната Заедничка декларација за соработка меѓу Северна Македонија и покраината Штаерска, како и Писмото за намери за пристапување на земјава кон регионалната иницијатива Алијансата Алпе-Адриа Алијанса, посочи, Османи, ќе овозможи да ги користиме програмите и структурите на ЕУ во интерес на нашиот евроинтегративен процес

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Експертот за одбранбени технологии, Орун: Во нападот врз болницата во Газа користена е бомбата МК-84

Следно

Албанската опозиција ги условува уставните измени – „Бришење на 20% за албанскиот јазик или нека бараат гласови од Груевски“

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop