Османи: Ја добивме 2030 година како рамка, нема да прифатиме ништо помалку од полноправно членство во ЕУ

August 30, 2023
2 mins read

реклама



Изјавата на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел Европската унија да се подготви за проширување до 2030 година, дадена на Бледскиот стратешки форум има историска тежина и ја чини кредибилна европската перспектива на земјите канидати за членство во ЕУ. Сега со дадена рамка на нас е да работиме. Нема да прифатиме ништо помалку од полноправно членство во ЕУ, оцени денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи. 

– Тоа што се случи во Блед, е дел од историјата. Ќе биде дел од историјата. Тоа што беше Солунскиот самит во 2003 година мислам дека од прилика таква тежина ќе има Бледскиот стратешки форум каде што претседателот на Советот во свој потполно официјален капацитет, не во приватен капацитет, во име на ЕУ рече Унијата ќе биде спремна до 2030 година да прима нови членки. И тоа е пораката што ние ја баравме. Знаете колку време јас зборувам за 2030 година? И јас мислам дека е тоа дел од тоа наше лобирање што се случи во Блед. Бидејќи ова сега ќе ни даде рамка, ќе ни даде идеја за што работиме, за кога работиме. Тоа не значи дека 2030 ние ќе влеземе ако не сме спремни. Важно Европа ќе ги отвори вратите до 2030 година, рече Османи на новинарско прашање на прес-конференција во МНР.  

реклама

Коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за „Европа во повеќе брзини“, според министерот Османи, на прво читање звучи како да е демантирање на претходното, но, како што рече, неговата идеја била разјаснета во Блед од неговиот министер за европски прашања Лоренс Бун и од Александар Адам негов советник и креатор на францускиот предлог.

-И тие кажаа дека Макрон зборувал за брзини во смисла дека нема да влезат сите наеднаш, туку во различни брзини во зависност кој кога ќе биде подготвен, а не Европа во слоеви во смисла привилегирани и помалку привилегирани бидејќи ние нема да прифатиме ништо помалку од полноправно членство во ЕУ. Со тоа што знаете дека ние го промовираме концептот повеќе интеграција пред членство што значи кога веќе 2030 ни е фиксна, дајте да станеме дел од Унијата и пред членство, односно како исполнуваме едно поглавје стануваме дел од таа политика на Унијата. Влегуваме во единствениот пазар, имаме пристап до фондовите. И пред самото членство ние веќе ќе бидеме во Унија, единствено што нема да имаме до тогаш е правото на глас кое што ќе го добиеме на денот на членство, вели министерот Османи.

реклама

Според него, на овој начин и ние ќе имаме годишни цели коишто ќе ги постигнеме наместо само една долгорочна цел која што е малку далеку и еве, потенцираше, ни создава фрустрации, граѓаните ги разочарува, па другите (трети страни) ги злоупотребуваат тие разочарувања.

-Мислам дека од вчера имаме навистина кредибилна перспектива. Сега топката е на наша страна да работиме, пријатели имаме, поддршка имаме, гледате цел свет доаѓа во Скопје. Мислам дека сега треба само да се сплотиме да направиме тоа што го барам веќе долго време – натпартиски државен договор. Да седнеме сите партии да кажеме ЕУ 2030 е наша цел, ги оставаме овие теми надвор од дневно-политичката битка, ќе се расправаме за се друго, рече шефот на дипломатијата.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Шпанија се бори со сушата: Нивото на водата во браните на загрижувачко ниво

Следно

Полска ја обвини Русија за киберагресија за дестабилизација на земјата

Latest from Blog

Зи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција

Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие

Претседателот на Непал го распушти парламентот и распиша избори

Непалскиот претседател Рамчандра Паудел го распушти парламентот и свика нови избори за 5 март по една недела смртоносно насилство што кулминираше со назначување на првата жена премиер во земјата. Соопштението од канцеларијата

Сите надлежни институции да постапат итно и безмилосно: Сведочиме на ужас кој не смее да се повтори – се користат сите расположливи сили

❗️Почитувани сограѓани, скопјани, во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани! 🫡 Од самиот почеток,

Ѓорѓиевски со екипите на лице место: Сите сили во борба со разгорениот пожар

Скопје се соочува со сериозен пожар кој моментално ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со своите колеги Бобан и Дејан, е на терен од самиот почеток
Go toTop