Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

November 13, 2026
1 min read

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна информација – статусот на проектите, од кои дел се завршени, дел се реализираат, а за други се подготвува документација.

„Додека столиците се поставуваат за неколку минути и се наменети за седење, градот се гради со секојдневна работа“, наведе Коњановски, посочувајќи дека Општината неодамна објавила отчет за сработеното во изминатата година.

Во однос на градинките, тој истакна дека „Пчеличка“ веќе згрижува деца, изградбата на градинката кај ОУ „Св. Климент Охридски“ е завршена, а на градинката во поранешната касарна интензивно се работи.

Според Коњановски, во тек е реконструкцијата на објектот за новата училишна зграда во Буковски Ливади. Со развојната програма е предвидена и реконструкција на градинката „Росица“ за подобрување на енергетската ефикасност, а најавена е и реконструкција на ОУ „Даме Груев“.

Градоначалникот посочи дека продолжува изградбата на новата противпожарна зграда, додека на булеварскиот влез од Прилеп се работи на подземната инфраструктура, коловозите, тротоарите и велосипедските патеки. Потсети и на инфраструктурните зафати кај улицата „Довлеџик“, реализирани во првиот мандат.

Во спортската инфраструктура ги издвои веќе изградените игралишта и работите на четири нови училишни спортски сали. За затворениот базен наведе дека проектот, во соработка со Министерството за спорт, е доведен во напредна фаза.

За спортскиот комплекс, според неговото објаснување, деталниот урбанистички план е доставен на одобрување во Министерството за транспорт, а паралелно се работи на инфраструктурниот и основните проекти. За катните гаражи се усогласува урбанистичката документација.

Осврнувајќи се на водоводот во Бистрица, Коњановски истакна дека Општината работи на решавање на проблемите со водоснабдувањето во руралните средини, вклучително и преку поддршка од меѓународни фондови. Го посочи и признанието „Младински пријателски град“ во Пелагонискиот регион за 2026 година.

Коњановски нагласи дека граѓаните оправдано очекуваат завршени и функционални проекти и дека локалната власт носи одговорност за нивната реализација.

„За секое задоцнување должиме објаснување, а за секоја преземена обврска – резултат и отчет за инвестираните средства“, порача тој.

Според градоначалникот, претставувањето активни градилишта како заборавени ветувања создава погрешна слика за Битола и го потценува правото на граѓаните да бидат целосно информирани.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

Latest from Blog

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го

Божиновска: Македонските енергетски приоритети ги претставуваме пред светските лидери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Лидерскиот самит во рамките на COP31 во Анталија, Турција, како дел од државната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според Божиновска,

ВЛЕН: Али Ахмети да поднесе оставка, документите ја откриваат соработката на ДУИ со српските центри на моќ

Коалицијата ВЛЕН побара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, обвинувајќи ја неговата партија за долгогодишна политичка и деловна соработка со структури поврзани со Србија. Од ВЛЕН тврдат дека документи покажуваат оти

Проданоски: Во Прилеп го одбележавме Денот на примирјето од Првата светска војна

На германските воени гробишта во Прилеп беше одбележан Денот на примирјето и им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Градоначалникот Дејан Проданоски присуствуваше на покана на германската амбасадорка Петра

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,
Go toTop