Полска ја обвини Русија за киберагресија за дестабилизација на земјата

August 30, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Висок полски претставник ја обвини Русија за ескалација на кампањата на кибернапади кон голем број веб-страници во Полска, пренесува Анадолу.

„Хакерска група (Noname057), која дејствува во името на руските специјални служби, објавува повеќе информации за напади врз полски веб-страници. Овие активности се пример за употреба на киберагресија за да се влијае врз јавното расположение за време на изборната кампања“, истакна државниот секретар од Кабинетот на премиерот, Станислав Зарин, на платформата Х.

Тој рече дека хакерите наведуваат дека нападите се одговор на политиката на полската Влада и „русофобијата“ на полските власти што полското општество, наводно, ја отфрла.

„Руските служби користат хакери за да пратат порака до Полјаците во која сугерираат дека промената на ‘русофобните’ власти на Полска ќе ги запре нападите“, рече Зарин.

„Цел на Русија е да ја заплаши Полска, да ги дестабилизира државата и општеството и да влијае врз Полјаците за време на изборниот период да ја коригираат политиката на Варшава кон Русија и Украина“, истакна тој.

Полската Агенција за внатрешна безбедност, полицијата и железничките компании овој месец започнаа истрага откако еден викенд беа емитувани радиосигнали за итно сопирање, со што беа запрени и одложени речиси 100 воза во северозападните и североисточните делови на земјата.

Канцеларијата на националното обвинителство соопшти дека за инцидентот се товарат две лица, од кои еден јавен службеник. Ним им се заканува затворска казна до осум години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Османи: Ја добивме 2030 година како рамка, нема да прифатиме ништо помалку од полноправно членство во ЕУ

Следно

Бреидаблик пред полни трибини ќе ја пречека Струга на реваншот во Исланд

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop