Почина актерот Владимир Ендровски – Љац

August 20, 2023
1 min read

Македонскиот народен театар сподели дека денеска почина актерот Владимир Ендровски (1963 – 2023).

Замина нашиот колега Владимир, нашиот пријател Љац, ненадминливиот актер и препознатлив лик на театарската сцена и телевизискиот/филмски екран – единствениот Владимир Ендровски. На сцената на НУ РСМ МНТ и воопшто во театарот, телевизијата и филмот кај нас остана огромна празнина која Ендровски ја исполнуваше со својот карактеристичен излив на емоции, маестрално подготвени улоги, и умешноста и огромна експлозија на енергија која ја пренесуваше од сцената кон публиката, велат од МНТ.

Дипломира на Факултетот за драмски уметности, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Геогиевски, во 1991 г. На сцената на МНТ официјално е од 1993 г., иако како актер се појавува во претстави и пред дипломирањето. На сцената на МНТ ги оживеа и ги направи незаборавни: Далавера змејот во „Рекламна бајка“ (1989), Дромио од Сиракуза во „Забуни“ (1989), Уплавот во „Мир“ (1993), Целе Бумба во „Женски прилог за ноќта“ (1993), Борис во „Буре барут (1994), Манилов во „Мртви души“ (1994), Јован Ангел во „Лепа Ангелина“ (1995), Спасе во „МКС“ (1995), Д-р Алојзие Зилбербрант во „Глембаеви“ (1996), Макрото во „Едмонд“ (1997), Младичот во „Маме му ебам кој прв почна“ (1997), Брајан во „Шопинг анд факинг“ (1998), Антоан во „Мисија“ (1998), Ботар во „Носорог“ (1999), Арнолд Кримп во „Бетмен враќањето на црниот витез“ (1999), Капетан Лебјаткин во „Демони“ (2001), Крадецот во „Павилјони“ (2001), Трајан во „Балканот не е мртов“ (2001), Ристе во „Ослободување на Скопје“ (2002), „Црна дупка“ (2003), Булдог во „Доле влада“ (2004), „Хамлет во транзиција“ (2004), Вадиус во „Една вечер со ..“ (2006), „Троил и Кресида“ (2010), Алексеј Кирилов во „Бесови“ (2011), како и во претставата „Подемот и падот на кабарето“ (2013).

Остана да сведочат филмовите и сериите за неговиот талент, ѕвездата која ја носеше и разбирливоста и лесното пренесување на ликовите кои ги имаше во себе. Останаа ненадминливите и секогаш препознатливи ликови: Дино во серијата „Трст виа Скопје (1990) (за која ја има добиено и награда на ревијата „Екран“ за најдобро филмско актерско остварување), Трајче во „Пред дождот“ (1994), Доре во „Преку езерото“ (1997), Безимениот во „Збогум на 20-от век“ (1998), Андарт во „Прашина (2001), Стипе Прикачин во „Бал-кан-кан“ (2005), Затвореникот Варден во „Контакт“ (2005), Коки Лабуд во „Некои поинакви приказни, сегмент: Македонска приказна“ (2010) и многу други.

За времето и датумот на погребот дополнително ќе биде објавено.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Премиерот Ковачевски рече дека ќе поднесе оставка денот кога ќе се изгласаат уставните измени

Следно

Пријавени неколку пожари низ Македонија!

Latest from Blog

Путин предложи директни мировни преговори без предуслови со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин доцна ноќта кон неделата предложи директни мировни преговори со Украина на 15-ти мај во Истанбул. Путин се обрати до јавноста неколку часа по завршувањето на еднострано прогласениот тридневен

Времето денеска променливо облачно

Променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб

Индија и Пакистан договорија прекин на огнот

Индија и Пакистан се договорија за целосен и итен прекин на огнот, рече пакистанскиот вицепремиер Исхак Дар. Секретарот за надворешни работи на Индија, Викрам Мисри изјави дека и Индија и Пакистан „ќе

Протест „Марш на ангелите“ во Кочани

Молчешкум, со насолзени очи, но со високо кренати фотографии од своите загинати чеда, мајките од Кочани чии деца настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ и денес побараа правда за трагичниот случај што

ЕФА усвои резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од МАЕИ и ОМО Илинден Пирин

Европската слободна алијанса (ЕФА) на Генералното Собрание одржано во Нант, Франција денеска усвоила резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од Македонска алијанса за европска
Go toTop