Премиерот Ковачевски рече дека ќе поднесе оставка денот кога ќе се изгласаат уставните измени

1 min read

реклама



Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Сител телевизија истакна дека во неговото експозе на седницата за уставни измени бил апсолутно искрен околу тоа што добиваме со влезот во ЕУ.

Ковачевски си ја најави својата оставка.

реклама

„Јас многу јасно кажав. Дента, и тоа го понудив јасно на прес конференција, кога ќе ги изгласаме уставните измени јас ќе поднесам оставка и ќе одиме на избори. “, вели Ковачевски.

Тој претходно кажа дека ниту еден човек не се родил за да биде премиер.

реклама

„Ниту еден човек не се родил за да биде премиер. Да бидеш премиер е голема чест и голема одговорност. Одговорност да спроведеш визија на граѓаните да живеат подобро, меѓутоа да бидеш искрен со нив“, вели Ковачевски.

реклама



Претходно

Манчестер Јунајтед заинтересиран за Верати

Следно

Почина актерот Владимир Ендровски – Љац

Latest from Blog