Стојановски: Ако не ни се исплати јулската плата, вработените од ЈСП в петок повторно на протести

August 16, 2023
1 min read

реклама



Проблемот со редовна исплата на платите продолжува и станува болно и бенигно и за вработените во ЈСП и нивните семејства, а и за граѓаните во Градот Скопје. Утре во 8 часот раководството синдикатите ќе бидат пред Градот Скопје ќе побараат средба со градоначалничката и ќе побараат исплата на јулската плата. Ако тоа не се случи во утрешниот ден, веќе во петок гладните вработени повторно ќе излезат на протест, изјави за МИА Миќо Стојановски, претседател на еден од трите репрезентативни синдикати во ЈСП.

Тој кажа дека сите работни задачи ги извршуваат согласно закон и акти на претпријатието и повеќе, вели, „не се издржува нередовната исплата на плати“.

реклама

-Во фирмата останавме само 1.100 вработени, многу ја напуштија поради нередовните плати и нискиот личен доход, така што ќе мораме да го направиме ова што претходно ви го кажав. Тоа е единствениот начин да се избориме за своите права од работен однос и редовен личен доход. Два дена се влечеме во Градот Скопје да ни објаснат зошто нема плата, изјави Стојановски.

Стојановски информира дека со буџетот 2023 било договорено дека ќе има доволно средства за плати, субвенции и други дотации, но, како што вели, останале излажани.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манчестер јунајтед сè уште чека понуди за Мегваер

Следно

Деко е нов спортски директор на Барселона

Latest from Blog

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..

Проданоски во Штавица: Го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Штавица, каде што традиционално се одбележува Мала Богородица. Проданоски

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат
Go toTop