Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

November 4, 2026
1 min read

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации, нивната функционалност не е загрозена и дека Општината ги следи насоките на Народната банка.

Коњановски истакна дека од почетокот ги следи случувањата со банката и го разбира стравот на граѓаните. Изрази уверување дека институциите ќе постапат во интерес на штедачите и дека случајот ќе добие завршница што ќе ја потврди сигурноста на системот.

Тој најави дека деновиве ќе се одржи седница на Локалниот економско-социјален совет, на која ќе бидат разгледани предлозите на граѓаните, барањата на пензионерите и ставовите на економскиот сектор.

„Иако директно немаме надлежност да носиме какви било одлуки со кои би влијаеле на одредени состојби, сепак имаме можност до Народна банка да го пренесеме гласот на нашите граѓани“, наведе Коњановски.

Ги објави салдата на јавните претпријатија

Според податоците што ги изнесе градоначалникот, ЈКП „Водовод“ на 29 октомври имало 427.993 денари на сметката, додека ЈПЗУППИ има салдо од 3.400.000 денари и е клиент на банката од 2014 година.

ЈКП „Комуналец“, кое има сметка во банката повеќе од 30 години, заклучно со 2 ноември располагало со 76.228 денари. ЈП „Паркинзи“ е клиент од 2019 година, со ориентационо салдо од 4.450.000 денари, а последната наведена состојба на КЈП „Нискоградба“ изнесува 495.000 денари.

Јавните претпријатија „Жабени“ и „Пелалинк“, според Коњановски, немаат сметки во „Алта банка“.

Градоначалникот го оцени како популистичко барањето на дел од советниците за вонредна седница на која би се разгледувале изложеноста на општинските претпријатија и институции и чекорите што ги презема Општината. Тој ги обвини за создавање дополнителен страв и несигурност кај јавноста.

„Тоа што дел од претпријатијата имаат сметка во ‘Алта банка’, никако не значи дека е загрозена нивната функционалност“, порача Коњановски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Latest from Blog

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето
Go toTop