СДСМ: За настаните во Тетово и Скопје одговорите ДПМНЕ нека си ги побара кај Мицкоски

August 12, 2023
1 min read

реклама



Од СДСМ се јавија со реакција по соопштението на ВМРО-ДПМНЕ околу настаните вчера во Скопје и Тетово.

Тие порачаа сите одговори на прашањата, ДПМНЕ да си ги побара од Христијан Мицкоски. 

реклама

„Токму Христијан Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори. Неформалните коалициски партнери на Мицкоски и ДПМНЕ се организатори на настаните во Скопје и Тетово. 

Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми.

реклама

Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа. 

Јавноста знае дека Мицкоски го предлагаше Африм Гаши за нов мандатар на Владата. Ако денеска ДПМНЕ е наводно згрозена од неговото дејствување нека му се обрати директно. 

реклама

Како партијата наследник на соработникот на фашизмот Ванчо Михајлов, ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува ниту за историјата, ниту за сегашноста, а најмалку за иднината на државата.

ДПМНЕ само сака да го пљачкаат народот, како што тоа го правеа цели 11 години, кога заради богатење на функционерите од Белата палата, спроведоа грабеж и цел културен инженеринг“, вели СДСМ.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

БОНО ГО ОТВОРИ 29. САРАЕВСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ, КАКО ЅВЕЗДА НА ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА ЈУ-ТУ И САРАЕВО

Следно

Седми ден се трага по исчезнат маж од село Теново, Општина Брвеница

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop