Почина светски познатиот писател Милан Кундера

July 12, 2023
1 min read

Светски познатиот писател Милан Кундера почина на 95-годишна возраст, јави денеска чешката национална телевизија.

Негови најпознати дела се романите „Неподносливата леснотија на постоењето“, „Шега“,  „Книгата на смеата и заборавот“, „Уметноста на романот“, „Бесмртност“.

Кундера беше француски писател роден во Брно, Чешка во 1929 година. Заминал во егзил во Франција во 1975 година, а државјанство добил во 1981 година. Чешкото државјанство му беше одземено во 1979 година и вратено 40 години подоцна.

Романсиер, драматург, поет и есеист, Кундера беше највлијателниот чешки писател во втората половина од минатиот век. Откако поради критиките на советската инвазија врз Чехословачка беше во немилост на комунистичките власти, Кундера со сопругата во 1975 година замина во Франција и повеќе не се врати. Се гледаше себеси како француски писател и инсистираше дека неговото дело треба да се изучува како француска литература и да се класифицира како такво во книжарниците.

Пред „Кадифената револуција“ во 1989 година, комунистичкиот режим во Чехословачка ги забрани неговите книги. Водел повлечен живот и ретко зборувал со медиумите.

Кундера беше номиниран за Нобелова награда за литература, а добитник е на Ерусалимската награда во 1985 година, во 1987 година ја доби Австриската државна награда за европска литература и наградата „Хердер“ во 2000 година. Во 2021 година го доби „Златниот орден за заслуги“ од претседателот на Словенија.

Кундера беше добитник и на меѓународната книжевна награда „Табернакул“, која ја доделуваше истоимената издавачка куќа од Скопје. Тој и српскиот поет и писател Љубивоје Ршумовиќ беа први добитници на наградата „Табернакул“ во 2013 годдина. Кундера не дојде во Скопје, туку македонскиот писател Венко Андоновски му ја врачи во Париз.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Турскиот министер за одбрана, Ѓулер, во Вилнус оствари средби со италијанскиот, грчкиот и естонскиот колега

Следно

Менаџерите не успеале да го спасат Вајс ни откако си поделиле милиони за плати

Latest from Blog

Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна

Стивен Винсент Чавез, 41, се изјасни за виновен во мај за инцест и обезбедување алкохол на малолетник, а оваа недела беше осуден, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на округот Вентура, објави Дејли

Јанушев оди под лупа, корупција ќе го чешла

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги разгледува новите наводи за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и неговата можна поврзаност со компанија регистрирана во Бугарија. Од ДКСК потврдуваат дека имотната

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19
Go toTop