Турскиот министер за одбрана, Ѓулер, во Вилнус оствари средби со италијанскиот, грчкиот и естонскиот колега

July 12, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, денес, на маргините на Самитот на НАТО во главниот град на Литванија, Вилнус, оствари средби со италијанскиот, грчкиот и естонскиот колега, јавува Анадолу.

Ѓулер прво имаше средби со Гвидо Кросето, шефот на италијанската одбрана, а потоа со Хано Певкур, министерот за одбрана на Естонија, соопшти турското Министерство за национална одбрана.

Тој потоа се сретна и со грчкиот министер за одбрана, Никос Дендиас.

На средбата нагласена е важноста од одржување позитивна агенда во турско-грчките односи и одржување отворени канали за дијалог, соопшти Министерството.

Потврден е и договор за продолжување на состаноците за мерките за градење доверба меѓу земјите.

Во текот на вчерашниот ден Ѓулер присуствуваше и на средбата меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Џо Бајден.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Брахим откри каков совет добил од Анчелоти по враќањето во Реал

Следно

Почина светски познатиот писател Милан Кундера

Latest from Blog

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски

Официјално: Далиќ е нов селектор на ОАЕ (ВИДЕО)

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Сега е веќе официјално. Она што беше најавено пред неколку недели, денес е официјализирано. Златко Далиќ е новиот тренер на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Денес, фудбалската

Трамп вложува 3 милијарди долари во рударството: САД се враќаат како минерална суперсила

 Од целиот пакет, една милијарда долари ќе биде вложена во проект за ископ на бакар.  Трамп порача дека рударството повторно станува државен приоритет и дека САД сакаат да ја вратат позицијата на
Go toTop