Менаџерите не успеале да го спасат Вајс ни откако си поделиле милиони за плати

July 12, 2023
1 min read

Поранешниот претседател за глобални вести и забава, Џеси Анџело, за една година (крај на мај 2022 – почеток на мај 2023) наплатил 815.254 долари од Вајс. Друг менаџер, Кори Хаик, наплатил 726 илјади долари,  Дејзи-Огер Домингез, директорката на кадрово била со плата од речиси 750.000 долари, а Субрата Де, заменик претседателката за вести, наплатила 779.000 долари.

Освен редовните плати менаџерите на Вајс земаат и бонуси во ранг од 50 до 150 илјади долари. Пример, Домингез добила дополнително 99.000 долари откако ги отпушти вработените во првиот бран.

Овие исплати се случуваат и траат дури и кога Вајс објавува мерки за штедење кои главно подразбираа отпуштање на десетици новинари и вработени со најниски плати.

Меѓу ставките во документите на Вајс се и сметки од вечери од 6.000 долари во време кога на директорите им е јасно дека ќе мора да се отпуштаат луѓе, како и неплатена фактура од 100.000 долари на компанија за одржување градини од Бруклин.

Процените на синдикатот на Вајс се дека преку лошо менаџирање и корпоративна алчност, за една деценија од компанијата се исчезнати фондови за финансирање од 1,6 милијарди долари.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина светски познатиот писател Милан Кундера

Следно

Ајро и Гоџоска станаа виши обвинители, ОЈО ГОКК се „освежи“ со обвинителки од Скопје и Охрид – извисија Русковска и Ристоска

Latest from Blog

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска

Божиновска со тимот од Министерството на терен во ХЕ „Вруток“

Вработените во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини заедно со министерката Сања Божиновска и државниот секретар Горан Јовановски, имаа можност одблизу да се запознаат со работата на Хидроелектраната „Вруток“, една од

Саудијците барале сириски борци за војната против Хутите: Дамаск го одбил барањето

Сириски извори кои разговарале со „Turkish Today“ изјавија дека Саудиска Арабија во последните месеци барала борци за да ги задоволи своите воени потреби во Јемен, но дека сириската влада „љубезно“ го одбила
Go toTop