Промовирани книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ на новинарот Љупчо Јолевски во Тетово

June 15, 2023
2 mins read

Во Тетово се одржа промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од долгогодишниот новинар, водител и уредник Љупчо Јолевски, кој во новинарството е повеќе од три децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите, долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио – Втора програма. Паралелно четири години бил уредник на Музичкото радио Канал 103, а соработувал и со изданијата на Детска радост, ревијата Екран и тогашна Нова Македонија. Од крајот на 1990-те бил новинар во Телевизија Скопје, магазинот Старт, потем уредник во дневните весници Дневник и Време, соработник на интернет порталот Блесок, на Светската и на Европската музичка енциклопедија и повеќе од седум години водител на музичката емисија Скопје – Париз – Тексас на Радио Равел. Во Радио Слободна Европа Јолевски беше од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

Промовирам две книги во период од пет години, книги кои слегуваат надолу две три децении, едната е „Радио“ објавена пред пет години и книга која се занимава не со радиото како медиум, туку со нешто друго, со сето она, што, како културна рубрика или јас како новинар, во културната рубрика на Радио Слободна Европа, успеав да го вообличам во радио прилог, во интервју, рецензија, во осврт, нешто што беше емитувано на програмата, нешто што, беше трка со времето, стигна на време, сето тоа, да излезе во час, час и половина, прво како текст, па како радио прилог, па потоа како, веб-сајт, и на крај, една книга која појде многу надолу, книга која се занимава со современата музичка сцена, се вика „Неправилен ритам“ книга за современата македонска музичка сцена, книга во која на 800 страници се поместени бројни интервјуа, со по мене најзначајните ликови на она што претставува наша музика, македонска музика, еве неколку да напоменам, Анастасија, Архангел, Влатко Стефаноски, Леб и сол, Симон Трпчески, Дарија Антовска итн., истакна Јолевски на промоцијата.

Во книгата „Радио“ има новинарски текстови посветени на работата и на тетовчани-уметницата Ивана Настески, музичарот Глигор Кондовски и фотографот Драги Неделчевски. Пред покрај промоторот Дејан Трајковски, зборуваше и Неделчевски.

Имам една моја теорија за „елементарните нешта“, а тоа се предмети, книги, фотографии (испечатени) и сл. за кои не е потребен никаков уред или посебни услови да се користат или да се употребуваат (уживаат). Како пример тоа може да биде столче кое служи за седење или книга која едноставно ја земаш во рака и ја читаш. Многу други работи како филм, музика, интернет, за да се користат е потреба струја или некој уред. Без тоа тие се неупотребливи. Затоа сметам дека книгите се многу важни нешта. Во време кога секој сака да не негира како македонска култура и држава воопшто, а со помош на неспособните или корумпирани политичари тоа им успева, сметам дека можеби последната брана на зачувување на македонскиот идентитет и култура се токму вакви книги кои ќе останат во наследство на идните генерации, посочи Драги Неделчевски.

Во рамки на мултимедијалната промоција свое дело изработи уметницата Ивана Настески, додека во музичкиот дел настапија Дробицки /Омерагиќ/Кондовски трио, Дуо Скупи и Дејан Спасовиќ проект.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утревечер дел од улиците во Скопје ќе бидат затворени за сообраќај

Следно

Борел ги поканил Вучиќ и Курти на средба во Брисел за смирување на тензиите  

Latest from Blog

Касиљас го „предаде“ Роналдо и ги разочара фановите на Реал Мадрид

Икер Касиљас повторно се најде во фокусот на вниманието, но овојпат не поради нешто поврзано со Реал Мадрид на теренот. Легендарниот голман на Кралскиот клуб предизвика бројни реакции меѓу навивачите со објава

Иран мобилизира жени во војска- учат да користат калашников, РПГ и снајпер (ВИДЕО)

Снимките и фотографиите објавени од иранските медиуми покажуваат жени, некои во униформа, како учат да ракуваат со автоматски пушки во центри за обука на отворено во Техеран, објавува британски „Телеграф“. Организаторите велат

Doli: Edhe 15 minatorë dolën nga miniera

Pesëmbëdhjetë minatorë kanë dalë nga miniera pas disa orësh të vështira të kaluara të ngujuar në thellësi, duke sjellë lehtësim dhe shpresë për familjarët dhe kolegët e tyre. Lajmin e ka bërë

Божиновска: Со Австрија отвараме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Виена оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. Во фокусот на

Претреси во просториите на најголемите производители на пиво во Јапонија

Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени
Go toTop