Борел ги поканил Вучиќ и Курти на средба во Брисел за смирување на тензиите  

June 15, 2023
2 mins read

Средбата, која ја најавил самиот Борел денеска за време на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел, треба да се одржи следната недела, пренесува РТС. Високиот претставник на ЕУ изјавил дека Брисел во соработка со командантот на КФОР и двете страни (Србија и Косово) се обидува да утврди што точно се случило во врска со апсењето на тројца припадници на косовската полиција и која била причината за овој инцидент

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел ги поканил српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти на разговори во Брисел, по заострувањето на тензиите меѓу Белград и Приштина.  

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел/Фото: Архива

Средбата, која ја најавил самиот Борел денеска за време на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел, треба да се одржи следната недела, пренесува РТС. Датумот и другите детали за средбата ќе бидат соопштени дополнително.  

„Имајќи предвид дека ситуацијата на теренот секојдневно се влошува, ги поканив највисоките претставници на Белград и Приштина на средба за решавање на кризата“,

изјавил Борел за време на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. 

Високиот претставник на ЕУ изјавил дека Брисел во соработка со командантот на КФОР и двете страни (Србија и Косово) се обидува да утврди што точно се случило во врска со апсењето на тројца припадници на косовската полиција и која била причината за овој инцидент. 

„Ги повикуваме двете страни да останат смирени. Имајќи предвид дека повторно сме во фаза на управување со кризи, ги поканив Белград и Приштина да разговараат за решенијата за оваа криза“,  

рекол Борел.

Дипломатски извори за Радио Слободна Европа (РСЕ) посочиле дека оваа средба не може да се смета за нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина што се води под покровителство на Европската Унија, туку средба за управување со кризи.  

Една од претходните средби на српскиот претседател, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Крути/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Инаку, и Борел вчера во писмо упатено до косовскиот премиер Албин Курти, потврди дека процесот на дијалог нема да продолжи се додека не се смират тензиите на северот на Косово.  

Шефот на европската дипломатија ја оценил како важна соработката на ЕУ со НАТО, особено во светло на тензиите на северот на Косово. 

Најавата за можна средба меѓу Вучиќ и Курти доаѓа во време кога се интензивираа тензиите на северот на Косово, населен претежно со српска заедница. 

Тензиите започнаа на 26 мај кога градоначалните Албанци со помош на косовската полицијата влегоа во општинските згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ што наиде на реакција од локалното мнозинско српско население.  

Градоначалниците беа избрани на локалните избори што се одржаа на 23 април кои беа бојкотирани локалните српски партии и населението.   

Тензиите кулминираа на 29 мај, кога локалното српско население се судри со припадниците на КФОР пред општинската зграда во Звечан, кога беа повредени десетици луѓе од двете страни.  

Косовската полицијата на 13 јуни во Северна Митровица го уапси Милун Миленковиќ кој според министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечла е осомничен дека е еден од организаторите на протестите и нападот на силите на КФОР во Звечан. 

Ден подоцна, односно вчера тензиите меѓу Белград и Приштина повторно добија на интензитет по апсењето на тројца косовски полицајци.  

Во врска со случајот, официјален Белград тврди дека тие биле уапсени на територијата на Србија, додека, пак, властите во Приштина наведуваат дека полицајците биле киднапирани на територијата на Косово.   

Српските власти вчера соопштија дека косовски полицајци се уапсени во областа на општина Рашка, на длабочина од повеќе од еден километар на територијата на Србија.  

Косовската полиција, пак, соопшти дека полицајците биле киднапирани за додека патролирале во градот Тресава – Баре, во општина Лепосавиќ, на граничната линија на северот на Косово. 

Поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Промовирани книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ на новинарот Љупчо Јолевски во Тетово

Следно

Панова: Борба со корупцијата не е можна од луѓе кои што лично се вплеткани длабоко во криминал и корупција

Latest from Blog

„Турнирот е наместен! И честитам на Аргентина на титулата на ова СП!“(ФОТО)

ФОТО:x.com/Footballtweet Сите во таборот на селекцијата на Египет по поразот од Аргентина беа гневни, особено Мустафа Зико кој не го криеше своето негодување по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Поголемиот дел

Милиони луѓе присуствуваа на погребната поворка на Али Хамнеи

Погребната поворка започна од џамијата Џамкаран и продолжи по авенијата на Пророкот Мухамед, на растојание од околу седум километри, до светилиштето на Хазрат Фатима Масуме. Од раните утрински часови, областа околу светилиштето

Во кои европски земји се намали, а во кои се зголеми продажбата на куќи?

Во изминатите две години, бројот на продадени куќи во Хрватска драстично се намалил. Како што објави во понеделник европската статистичка служба Евростат, минатата година продажбата на куќи во ЕУ се зголеми во

Меџити: Чаир се гради со работа, а не со зборови

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, порача дека летниот период се користи за забрзување на инфраструктурните проекти и завршување на работите со што помалку пречки за граѓаните. „Летото не е сезона за

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е
Go toTop