Поради големиот интерес на публиката „Петар Пан“ во Штип на 11-ти, а во Струмица на 18-ти јуни

June 5, 2023
1 min read

Поради големиот интерес за детскиот балетски спектакл „Петар Пан“, можноста да уживаат во претставата ќе ја имаат децата од Штип и од Струмица. Вистински начин да се одбележи крајот на училишната година со омилениот лик и роман на Џејмс Метју Бари, таткото на вечните деца и на сите оние што не сакаат да пораснат.

На 11 јуни (недела), точно напладне (12 ч) во НУКЦ „Ацо Шопов“ во Штип, ќе долета Ѕвончица заедно со Петар Пан, капетанот Кука, Венди, индијанци, пирати… Оргиналноста на оваа претстава за деца и за сите оние што си го чуваат детето во себе е што нема класичен наратор туку либрето го пее Ѕвончица преку различни песни што едноставно влегуваат во уво и долго се пеат.

Една недела подоцна, на 18 јуни, во НКУЦ -Антон Панов во Струмица, во 12:00 часот, Ѕвончица со својот волшебен прав и прекрасните сонгови ќе ги пресели сите гости во волшебната земја Недојдија. Претставата не се пропушта поради оригиналноста и мајсторска симбиоза на играта, зборовите и музиката. Се е прекрасно и наросено со волшебен прав: зборовите се паметат и потпевнуваат а сценографија и костими инспиративно зрачат радост и среќа.

Овој детски балетски спектакл имаше премиера во Скопје, а потпишан е од тимот составен од Ристо Самарџиев- сценарио и сонгови, Ирена Лозинска – кореографија и режија, Тамара Ѓурчиновска од балетското студио „Арт Балет“, костимите се на Елена Вангеловска, сценографијата на Љупчо Јованов а музиката на Владимир Дојчиновски -Дојчин. На сцената доминираат по 57 деца (во двете постави) од балетското студио „Арт Балет“ и гостите при балетскиот ансамбл на НОБ: Веселин Трајковски и Николас Алехандре Хоурсеау. Продукцијата на „Петар Пан“ е на М- Соунд. Се гледаме во Штип и Струмица.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПСЖ загуби 1,7 милиони луѓе на Инстаграм по заминувањето на Меси

Следно

Паралели меѓу транс-движењето и јаничарите

Latest from Blog

Трамп не се откажува од планот за Ормутскиот теснец: Иран може да издржи уште неколку дена

Претседателот Доналд Трамп им кажа на своите врвни советници во последните денови дека сака да ја продолжи американската поморска блокада на иранските пристаништа, а неговиот тим почна да подготвува терен за такво

Прилеп добива нов лик: ЈКП Комуналец ги обновува парковите со нови клупи

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, покрај тековните пролетни активности, спроведува и акција за замена на оштетените и дотраени штафни на парковските клупи низ градот. Целта на оваа активност е подобрување на урбаната опрема

Контролите за ИПАРД беа спроведени врз основа на деталн план на Управувачката структура при МФ

30 април 2026, Скопје – Во Република Македонија воспоставениот систем на ИПАРД структурата функционира на ефективен и ефикасен начин, внатрешната контролна рамка е правилно воспоставена и почитувана и трансакциите се извршуваат законски и редовно. Ова

Комуналец – Прилеп: Во тек е санација на урбаната опрема низ градот

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, покрај тековните пролетни активности, спроведува и акција за замена на оштетените и дотраени штафни на парковските клупи низ градот. Целта на оваа активност е подобрување на урбаната опрема
Go toTop