Сретствата од продажбата на билетите за концертот на Камерниот оркестар „Ајда“ ќе се донираат за лекувањето на малата Теодосија Лазаровска

May 25, 2023
1 min read

На последниот концерт во рамките на првата сезона на годинашното издание на „Деновите на македонска музика“, Камерниот оркестар „Ајда“ ќе изведе концерт под диригентство на Ана Спасовска, чиишто средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани за лекувањето на малата Теодосија Лазаровска.

СОКОМ како општествено одговорно здружение, покрај грижата за заштита, изведба и промоција на македонското уметничко творештво, овој пат со концертот на ДММ 2023 ќе се вклучи и во акција од хуманитарен карактер.

На програмата ќе бидат одбележани јубилеите на македонските композитори кои оставија траен белег во развојот на македонската уметничка музика: 80 години од раѓањето на композиторот и академик Ристо Аврамовски со делото „Пролетна симфонија“ и 90 години од раѓањето на композиторот и диригент Драган Шуплевски со делото „Македонско капричо“. Камерниот оркестар „Ајга“ предводен од диригентката Ана Спасовска заедно со виртуозот на виолина Кирил Трусов од Германија ќе го изведат и Концертот за виолина и оркестар во е-мол од Феликс Менделсон.

Фестивалот 46. Денови на македонска музика се одржува под покровителство на Претседателот на Р.Македонија, поддржан од Министерството за култура, и истиот ќе се реализира во соработка со Гете Институтот и Друштвото за македонско-германско пријателство.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инзаги: Посакувавме и освоивме трофеј

Следно

Во Ел Салвадор убиен 1 полицаец

Latest from Blog

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..

Проданоски во Штавица: Го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Штавица, каде што традиционално се одбележува Мала Богородица. Проданоски
Go toTop