Новиот турски тенк „Јени Алтај“ влегува во процес на тестирање

April 29, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Новиот турски тенк „Јени Алтај“, испорачан до Турските вооружени сили минатата недела, ќе влезе во процес на тестирање, соопшти генералниот директор на производителот БМЏ.

Мехмет Карааслан за Анадолу изјави дека тенкот ќе биде тестиран од турската армија за 6.000 различни карактеристики.

Во обраќањето за време на големиот технолошки настан во Туркије, ТЕХНОФЕСТ, на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, Карааслан истакна дека процесот на тестирање се очекува да заврши кон средината на 2024 година и дека наскоро потоа ќе започне фазата на сериско производство.

Првите прототипови на тенкот беа изработени во 2013 и 2014 година и оттогаш, искуствата стекнати во операциите на турската армија, промената на воените услови и новите барања на системот наметнаа потреба да се направат значителни промени во нив, посочи генералниот директор.

„Направени се приспособувања на трите главни елементи на тенкот, неговата подвижност, моќта на испалување и степенот на неуништливост“, рече тој.

„Сега тенкот има хибридна заштита, која овозможува не само пасивна и реактивна туку и активна заштита“, рече Карааслан и додаде:

„Врз основа на искуствата од теренот, решивме да направиме сериозно подобрување на нивото на заштита на тенкот.“

Производителот БМЏ, во заедничка работа со Јужна Кореја, ја промени моќноста на тенкот и ја тестираше, истакна тој и нагласи дека преку подобрената заштита, тежината на тенкот и клучните елементи, како што се стабилизацијата на амортизацијата, контролата на гаѓањето и следењето на целта, се унапредени.

Компанијата, исто така, работеше заедно со турскиот гигант од одбранбената индустрија Аселсан за системот за контрола на системот за испалување, интегрирајќи сосема нов систем во тенкот, рече Карааслан.

„Значи, меѓу прототипите, овој тенк е сосема нов тенк, затоа го нарекуваме Јени (новиот) Алтај.“

Тој има висока заштита од мини и автохтон оклопен систем, заедно со системи за откривање нуклеарни и хемиски закани.

Тенкот, опремен со топ L55 со калибар 120 mm и коаксијален митралез од 7,62 mm, има максимална брзина од 65 километри на час благодарение на моторот од 1.500 коњски сили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

За три пати зголемен бројот на Руси во Србија

Следно

Тројца скопјани вчера биле каснати од улични кучиња

Latest from Blog

Фото: Никол во омилениот аутфит-бикини

Секако атрактивната пејачка е облечена во својот омилен аутфит, бикини, единственото нешто што го носи преку целата година. Ако се погледат социјалните мрежи на Никол може да се заклучи дека пејачката како

Ѕвездите најавуваат олеснување за 4 хороскопски знаци: Во новата година ќе ги оставаат сите грижи зад себе!

Сите копнееме по моментот кога можеме длабоко да воздивнеме и да кажеме: „Заврши, сега можам да уживам“. Ова олеснување во Новата година доаѓа како што е ветено за четирите хороскопски знаци на

Ханси Флик: Супер – купот е најкусиот пат до трофеј, но нема да биде лесно!

ФОТО: FC Barselona/FB Тренерот на Барселона, Ханси Флик, зборуваше со самодоверба и реализам пред нивниот полуфинален натпревар од Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао, утре во Џеда (С.Арабија). Тој го опиша турнирот
Go toTop