Владата на Израел го одложи просецот за носење на судските реформи

March 27, 2023
1 min read

Ваквата одлука денеска ја соопшти израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир кој нагласи дека се согласил со премиерот Бенјамин Нетанјаху за одложување на легислативата во периодот до 30 април кога Кнесетот (парламентот на Израел) ќе биде на пауза поради празникот Пасха

Процесот на дискусии за носење на спорниот план за реформа во правосудството во Израел ќе биде ставен во мирување откако Израелците со масовни протести и штрајкови ја парализираа земјата.

Ваквата одлука денеска ја соопшти израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир кој нагласи дека се согласил со премиерот Бенјамин Нетанјаху за одложување на легислативата во периодот до 30 април, кога Кнесетот (парламентот на Израел) ќе биде на пауза поради празникот Пасха.

Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Гвир, кој е и лидер на екстремно десничарската партија Еврејски сили, сепак, инсистира на тоа дека законот за реформи во правосудството ќе дојде на гласање во летниот мандат на парламентот кој трае од 30 април до 30 јули.

Изјавата на израелскиот министер за национална безбедност доаѓа кога делови од Израел се целосно блокирани поради масовните протести против планот за реформи во правосудството, но и поради отпуштањето на министерот за одбрана на Израел кој се изјасни против ваквите реформи.

Во објава на Твитер, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, апелираше до демонстрантите „да се однесуваат одговорно“ и „да се воздржат од насилство“. Тој требаше да ѝ се обрати на јавноста утринава, но своето обраќање го презакажа за попладне.

Во меѓувреме, Белата куќа објави соопштение во кое изрази длабока загриженост за состојбата во Израел и ги повика израелските лидери да најдат компромис по однос на ова прашање што е можно поскоро.

Предлог-реформите во правосудството беа објавени од израелската влада во јануари годинава, тврдејќи дека тие се потребни за да се врати рамнотежата меѓу извршната и судската власт. Реформите ќе ѝ дадат на владата влијание во изборот на судии и ќе ја ограничат моќта на Врховниот суд да ги укинува законите.

Противниците на законските измени велат дека владејачката коалиција – најдесничарската во историјата на Израел – се обидува да ја уништи поделбата на власта во Израел, ставајќи ја земјата на авторитарен пат.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Унгарскиот парламент го ратификуваше пристапот на Финска во НАТО

Следно

Еден гол беше доволен за Македонија да слави над Фарски Острови (ВИДЕО)

Latest from Blog

Ментално силните луѓе избираат каде да ја насочат својата енергија И ТОКМУ ЗАТОА ЖИВЕАТ ПОМИРНО, ПОСРЕЌНО И ПОСЛОБОДНО

Во секојдневната трка помеѓу работата, одговорностите, семејните улоги и постојаниот проток на информации, многу луѓе се наоѓаат себеси како талкаат таму каде што не треба – во имагинарни сценарија, претерано анализирајќи ги

ЏАМБО отвора нов современ маркет во Гевгелија на 13 декември

Европскиот реномиран бренд ЏАМБО (JUMBO) продолжува со успешна реализација на својата долгорочна стратегија за интензивен развој и пошироко позиционирање на македонскиот пазар. Оваа сабота, 13 декември 2025 година, компанијата пишува ново поглавје

Руте: Ние сме следната цел на Русија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во Берлин изјави дека членките на Алијансата се следната цел на Русија. Тој на прес-конференцијата рече дека НАТО мора да вложи максимални напори за да
Go toTop