Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

July 1, 2025
1 min read

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства.

Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за нивните позиции туку се плашат од заборавот.

„Трагедијата во Кочани е надвор од сите наши досегашни искуства и бараше голема подготовка.Сеедно колку и да сме искусни, ние се трудиме да ги разбереме потребите на заедницата и потоа гледаме како да се задоволат тие потреби на повредените, родителите и преживаеаните. Нашите подготовки траеја долго бидејќи ги следевме потребите на заедницата и откривавме ресурси. Ресурсите на заедниците мора да се пронајдат, во вакви трагедии се излегува на површина. Мислам на се што не е соодветно за заштита на заедницата. За да се помогне на заедницата треба да се оди со отворен разговор затоа што луѓето од ништо не се плашат. Не се плашаат за нивните, животи за нивните позиции, нема што да изгубат. Се плашат од заборавот. Ние помагаме да сфатат дека тој заборав нема да се случи. Ние им помагаме да се на безбедно ниво, да се искажат, за да може да излезат во име на децата да направат исчекор. Шанса за нова смисла во животот и за редефинирање на животот“, рече Ќостарова Унковска.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Можно одложување на натпреварот Реал Мадрид-Јувентус

Следно

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Latest from Blog

СЕ МЕНУВААТ ЛИ ГРАНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА – Романија отвори процес за обединување со Молдавија!

Долниот дом на парламентот на Романија вчера го унапреди предлог-законот со кој се прогласува дека треба да отпочнат преговори за обединување со соседна Молдавија, објави „Романија инсајдер“. Предлогот беше автоматски усвоен, откако

Божиновска: Скопје повторно станува регионален центар за енергетика и зелена транзиција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Македонската берза во црвено: МБИ10 падна за 0,36%, Комерцијална банка со најголем промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 25.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.585,45 поени. Во однос

Божиновска: Скопје се враќа на мапата како регионален центар за енергетска соработка

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се
Go toTop